Нема лечење без мислење на јавноста!
Слушам на радио дека сестрата што се заразила со хеморалгична треска го примила лекот што може да и го спаси животот. Но, јавноста, се вели во веста, смета дека лекот требало да и се даде порано.
Овој случај покажува дека дефинитивно треба да се престане со лекување на пациентите без претходно прибавено мислење од јавноста.
Понеже, никој подобро од јавноста не знае кога, што и како треба да му се даде на пациентот за да не го умрат докторите убијци во координација или по директна наредба на власта!
Објава на Фејсбук од Бранко Тричковски