ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Николовска: ЕУ 40% од буџетот одвојува за аграрот, најмногу за младите земјоделци. ИПАРД е само почеток!

ИПАРД е само почеток на поддршката на Брисел за нашиот агрокомплекс и рурален развој, ЕУ 40% од буџетот одвојува за аграрот, најмногу за младите земјоделци

August 12, 2023 10:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Периодов актуелна тема е програмата ИПАРД која е наменета за модернизација на производството и инвестиции во агросекторот и руралниот развој. Во тек е повикот за Мерка 3 од ИПАРД 2, а во најавата се и првите повици за Мерка 1 и 7 од ИПАРД 3. Покрај промоцијата на мерките од страна на ресорното министерство, кампања за ИПАРД најави и консултанската фирма Агротим која преку специјализираната платформа Агротим.мк информира за предностите, можностите и условите кои се бараат за аплицирање за овие неповратни средства.

На тема ИПАРД и други мерки на Владата за развој на нашето земјоделско производство, како и за агроперспективите кои ги нуди нашето членство во Европската Унија, Разговараме со директорката на Агротим – Ленче Николовска.

Новинар – Верица Јорданова

Актуелен во моментов е повикот за Мерка 3 од ИПАРД 2 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Кажете ни нешто повеќе за повикот и дали има заинтересирани?

3Во тек е повикот за вкупно 8,8 милиони евра финансиската поддршка за Мерка 3. Тоа се пари што останаа од ИПАРД 2 и со нивно реализирање Владата типува на стопроцентно искористување на средствата. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај. Барањето за исплата треба да се достави до 30 јуни, а потоа Платежната агенција во рок од шест месеци (до крајот на годината) има обврска да ги исплати средствата. Новите инвестиции би биле за млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, вклучувајќи јајца и живина, овошје и зеленчук, житарки, мелнички и растителни производи, масла и животински масти,…, а финансиската поддршка се неповратни 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите. Важно е да се напомене дека во јавниот повик не се прифатливи инвестициите во градежни работи. Повикот е исклучиво наменет за набавка на опрема за преработки. Во однос на инвестициите поврзани со производството на енергија од обновливи извори, единствено прифатливи се инвестициите за набавка и инсталирање опрема за производство на енергија за сопствени потреби. Интерес има и тоа најмногу за машини и нова технологија во различни производства како и за поставување на фотоволтаици.

ИПАРД 2 беше успешна приказна за нашата држава што сведочи и лидерската позиција во регионот по искористеност на средствата. Новата најава од МЗШВ е дека многу скоро ќе бидат објавени и првите повици од ИПАРД 3 и тоа Мерка 1 и Мерка7. За какви инвестиции се работи?

ИПАРД 3 опфаќа неколку мерки, кои се наменети за различни инвестиции. Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства (земјоделска механизација, изградба, системи за наводнување, садници, опремување на фарми). Мерка 3 – Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и на рибните производи (откупни центри, изградба и опремување производствени капацитети за преработка на овошје и зеленчук, млеко, месо и сл.). Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси. Најголем интерес, односно најпопуларна е Мерка 7 – во која влегува и руралниот туризам и за кој има особен интерес. Преку „Агротим“ веќе имаме склучено неколку договори за изградба на хотели, ресторани и други објекти и бизниси во рурално подрачје. За ИПАРД рурално подрачје е населено место до 30.000 жители, што значи дека и градовите како Струга, Валандово, Дојран, Ресен… сите тие се подобни за инвестирање преку Мерка 7. Важно е да се каже дека со подготовка на апликациите и документацијата треба да се започне многу порано, односно кога ќе излезе повикот во најголем дел да бидеме спремни, а не тогаш да почнат да се собираат документите.

Долги години го следите агрокомплексот. Познати ви се состојбите и проблемите во земјоделското производство и директно од терен но и од искуството како претстедател на собраниска комисија за земјоделство и советник за земјоделство во кабинет на претстедател на Владата. Имаме ли ние добра стратегија за мотивирање на младите да се занимваат со земјоделско производство?

Земјоделското производство е тежок сектор но исклучително важен за секоја сериозна држава, особено во време на кризи какви сведочиме последниве години. ЕУ не случајно над 40% од буџетот одвојува за овој сектор со особен акцент на модернизација на производствата за да ги привлече младите да се занимаваат со оваа благородна професија. Последниве неколку години ЕУ своите земјоделски политики ги насочи кон „подмладување на секторот“ преку грантови, едукација и друг начин на мотивација на младите милијарди евра се насочуваат кон младите фармери. Во оваа насока се политиките и на нашата Влада преку мерки и грантови за младите земјоделци кои парите ги инвестираат во дигитализација и модернизација на производството. Овој тренд се забележува и во интересот за ИПАРД, се повеќе млади аплицираат во рурален туризам, модерни фарми, преработувачки капацитети и друг вид на бизниси кои се водат како услуги на рурално населени. Во ЕУ е модерно да си фармер, се надевам дека ова ќе биде „парола“ и за нашите млади и дека заеднички со нив ќе го изодиме патот до Заедничката земјоделска политика на ЕУ каде субвенциите се бројат во милиони и милијарди евра.

Извор: Иновативност

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АгротимИПАРДкампањамодернизацијаНиколовска

НАЈНОВО

Дуња Иванова македонска претставничка на Европското првенство во МТБ Маратон во Казела, Италија

June 3, 2025

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

June 3, 2025

Општинскиот инспекторат ја евидентирал големата прашина поради рушење објект низ Тетово, Касами најави постапка

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk