ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски на Првиот европски куп во Џудо

August 12, 2023 19:13
in ДЕНЕС, СПОРТ
Фото: МВР

Фото: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обратил на Првиот европски куп во џудо, што се одржува во Скопје, на покана на претседателот на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија, Владимир Трпаноски, а во присуство на претставници на Европската џудо федерација, Владата на Република Северна Македонија, на дипломатско-конзуларните претставништва, Агенцијата за млади и спорт, МОК, како и учесниците на Купот.

– Навистина радува сознанието што оваа наша спортска федерација успеа во идејата која ја донесе до моментот во наредните денови да биде домаќин на над 230 јуниори од 30-тина земји не само од Европа, туку од целиот свет. И, што е уште поважно, ова да биде почеток на една убава спортска традиција, односно и овој спортски настан да биде впишан во календарот спортски настани на Европската џудо федерација, рекол Спасовски во своето обраќање.

Како што соопштија од МВР, тој изразил увереност дека овој настан во наредниве денови ќе создаде нови пријателства, нови искуства и знаења, нови цели и достигнувања, особено што во рамки на овој Европски куп се одржува и Јуниорски тренинг камп, како дополнителна вредност на натпреварувачкиот дел од Купот.

– Лично немам дилема, дотолку повеќе што Европскиот куп има неспорна институционална поддршка, дека оваа спортска манифестација целосно ќе ги оправда идејата и претензиите што ги има – да биде натпревар каде што џудо-спортистите ќе имаат можност да ги проверат, но и надградат своите вештини, и да постигнат резултати кои освен што ќе обезбедат бодување на светската ранг-листа, ќе бидат и дополнителен мотив во градењето на нивните спортски кариери, истакнал министерот Спасовски, заблагодарувајќи се на организаторите – Џудо федерацијата на Република Северна Македонија, а на сите репрезентации и учесници им посака успех во натпреварувањето, со желби престојот во нашата секогаш гостопримлива земја да им остане во убави спомени и пријатни сеќавања.

Tags: Спасовскиџудо
Next Post
Фото: МИА

Се урна зграда во Истанбул, едно лице затрупано под урнатините

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk