ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Грковска: Дигитализацијата на инспекциските постапки ги намалува ризиците од корупција

August 16, 2023 17:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа координативен состанок со претставници на сите државни инспекторати, на кој присуствуваше и претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска. На состанокот се разговараше за динамиката на дигитализација на инспекциската постапка Е-инспектор, преку која значајно се отстранува субјективниот фактор, а со тоа и се намалуваат и ризиците од корупција во инспекциските надзори. Вицепремиерката Грковска истакна дека е многу важно инспекторатите кои се уште ја немаат дигитализирано инспекциската постапка да ги направат сите неопходни подготовки за да се запази утврдената динамика.

Како најголема пречка во секојдневното работење на инспекторатите беше издвоена неусогласеноста на одредени материјални закони по кои постапуваат инспекциските служби со Законот за инспекциски надзор, од кои дел веќе подолг период се во собраниска процедура.

Вицепремиерката Грковска ја нагласи важноста на зголемувањето на транспарентноста на инспекциските служби и во поглед на јакнење на интегритетот на инспекторите, но и како начин да се зголеми нивната безбедност во исполнувањето на работните обврски. Во насока на понатамошно подобрување на отвореноста на овие служби преку објавување на записниците од извршените надзори, беше донесен заклучок да се изврши консултација со Агенцијата за заштита на лични податоци за да се дефинира соодветната форма која ќе овозможи унапредување на транспарентноста, а истовремено нема да биде спротивна на регулативата за заштита на личните податоци.

Со директорите на државните инспекторати се разговараше и за потребата од зголемување на координацијата помеѓу инспекторатите и Инспекцискиот совет, со цел да се зголеми ефикасноста, но и квалитетот на работењето на инспекторите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Грковскадигитализацијаинспекциски постапки

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk