ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Којзнае дали и Мајка Тереза би можела да ни помогне?

Што стана со архитектонските архи-бригади кои и ќотек јадеа спротивставувајќи му се на урбанистичкото лудило на Груевски? Каде се помладите професори, колеги на Грчев, асистентите, студентите од неколкуте градежни и архитектонски факултети, невладините здруженија, да го кренат својот глас? Што стана со стотици од оние со кои го „гушкавме“ ГТЦ? Со илјадниците кои, во едно многу зло време, со голем личен ризик, но и со оптимистички насмевки на лицата, знаеја и на дожд и на студ и пред густи полициски кордони да се спротивстават на социјалното инженерство со кое Груевски сакаше да ни го „кастрира“ животот во сите сфери на нивниот болен проект?

February 21, 2020 08:57
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Го слушам вчера професорот Мирослав Грчев како во студиото на „Утрински брифинг“ (разговорот може да го најдете овде) буквално ја растура на најситните мизерни парченца одлуката на Владата да не го руши, туку да го „пренамени“ она грдо бетонско здание што требаше да биде споменик на Мајка Тереза на централниот Градски плоштад во Скопје. Тој споменик, чие поставување беше направено со експлицитно кршење на барем десетина важечки закони, нема врска со Мајка Тереза, вели Грчев, туку е споменик, „ахитектонски тумор“, на едно диктаторско, фашистичко самоволие на еден јужно-американски, криминален автократ кој сакаше своите политички и психолошки фрустрации да ги проектира врз целата нација.

Навистина, човек да се праша која кокошка им го има исколвано мозокот на „идеолозите“ во СДСМ? Тие, во сличниот „технократски“ стил на Груевски, процениле дека рушењето на онаа недоправена бетонска грдотија би било прескапо, па затоа е поефтино (?!?!) да се доправи „во нешто друго“, отколку да се тргне засекогаш пред очите на урбанистичката, архитектонската, граѓанската, цивилизираната пристојност на нормална Македонија?

Но, не се работи овде само за популистичките „полутани“ од власта кои можат да ви најдат 100 изговори зошто нештата со „Скопје 2014“ се сè уште такви какви што НЕ ги ветуваа пред да дојдат на власт. Овде се работи и за молкот – со исклучок на Грчев и уште два-тројца – на целата прогресивна, либерална јавност која оваа одлука на Владата тотално ја „преспа“ на најмалограѓански начин што можете да го замислите, растрчани во борбата за покачување на универзитетските плати или по конкурсите за средства во разни културно-политички области коишто ги субвенционира власта.

Што стана со архитектонските архи-бригади кои и ќотек јадеа спротивставувајќи му се на урбанистичкото лудило на Груевски? Каде се помладите професори, колеги на Грчев, асистентите, студентите од неколкуте градежни и архитектонски факултети, невладините здруженија, да го кренат својот глас? Што стана со стотици од оние со кои го „гушкавме“ ГТЦ? Со илјадниците кои, во едно многу зло време, со голем личен ризик, но и со оптимистички насмевки на лицата, знаеја и на дожд и на студ и пред густи полициски кордони да се спротивстават на социјалното инженерство со кое Груевски сакаше да ни го „кастрира“ животот во сите сфери на нивниот болен проект?

Каде се денеска сите тие – НИЕ? Најлесно е, во она бескрајно, импотентно мрчење на социјалните мрежи, да се каже за политичарите дека „сите се исти“! Многу потешко е да си кажеме за себе дека, всушност, можеби „сите СМЕ исти“?

Но, во последен час (со еден „час“ задоцнување), така се погоди, за да му ја „спаси честа“ (а и дел од разумот) на СДСМ, вчера попладне, по разговорот на Мирослав Грчев во Утрински брифинг, се јави и скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој излезе со став дека, доколку Владата (предводена од неговиот СДСМ), наместо да го руши, распише идеен конкурс за пренамена на недоправениот „малигнен“ споменик, тој (како Град или лично, како граѓанин!) официјално ќе конкурира со идеја на тоа место да се „раскрчи“ обична, претпоставувам, урбано уредена пешачка улица. Таа ќе му овозможи на плоштадот урбанистички да „дише“ на еден нормален, цивилизиран начин.

Исправно! Макар и од Шилегов!

Се прашувам, има ли невладини и професионални здруженија кои јавно би ја поддржале оваа иницијатива на градоначалникот? Кога веќе не се сетија да му се обратат со петиција за да му предложат таква иницијатива. За да ја поразиме глупоста и во оваа власт, како што тоа редовно го правевме со претходната…

Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

 

Next Post

Ахмети и Бајрами сведоци на денешното рочиште за „Монструм“

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk