На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 109 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 санкции за управување под дејство на алкохол, четири мерки за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.