ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска за КТВ: Работиме на палета од социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите

August 24, 2023 11:18
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во нејзиното гостување на КТВ Кавадарци зборуваше за задачите на Работната група која беше формирана на последната седница на Влада и за барањата на пензионерите.

Таа истакна дека во демократска држава секој што не е задоволен од политиките може да го искаже своето незадоволство и дека истото е легитимно право, воедно потсети дека за методологијата за порастот на платите во времето на донесувањето беше поздравена од страна на сите пензионери.

„Зголемувањето на пензиите нема да зависи од тоа кој е министер, затоа што методологијата за зголемување на пензиите го следи покачувањето на трошоците за живот и покачувањето на просечната плата. И во време кога нема да имаме инфлација пензијата ќе се зголемува затоа што просечната плата ќе расте” истакна Тренчевска во нејзиното гостување.

Министерката посочи дека со оваа методологија за една година и 6 месеци покачувањето на пензиите е 24%.

Тренчевска се осврна и на формирањето на работната група за донесувањето на Законот за минимална пензија и креирањето на социјални мерки кои треба да ги помагаат пензионерите со најниски примања. Таа посочи дека минималната пензија ќе биде дефинирана така што нема да смее да биде под прагот на сиромаштијата.

„Од страна на работната група ќе биде креирана палета на социјални мерки во соработка со Фондот за здравство и Министерството за здравство за дел од лекарствата кои се најчесто користени а не се на позитивната листа да бидат ставени на истата. Ќе работиме и на тоа да го зголемиме прагот за бесплатното болничко лекување, исто така ќе работиме и на мерки во кои ќе биде вклучена директна финансиска помош” рече Тренчевска.

Tags: МТСПпензионериТренчевска
Next Post

Манчини за три години во Саудиска Арабија ќе заработи 90 милиони евра

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК го донесе роковникот за избор на градоначалник во четирите општини на 11 јануари

November 17, 2025

Државата наплати 2,5 милиони евра од казни за непазарно однесување на трговците

November 17, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова: ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk