Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Тој личи на сушена свинска коленица.
Фацата му е фиксирана како кожа на сушено месо со коски.
Нема фацијални гестови.
Не се смее, а мислам дека не може ниту да плаче.
Ниту еден десен лидер во историјата не бил ваков труп.
Сите имале моќ да ја заведуваат масата со воспалителни говори полни со емоции метафори, поетски фигури, со интонации од ниски басови до крештави врисоци, со гестови, со режии, со спектакуларни пропаганди, не со терор каков што прават македонските медиуми…
Со шарм.
Јасно е дека вмро односно митот, го гради него, а не тој вмро, па сепак се поставува прашањето, како е можно дури и кај вмороните, за останатиот дел од народот да не правиме муабет, да израсне во ваков политички фактор.
Тој друг дел од народот тука се појавува како национална, културна, политичка и морална катастрофа.
И срамота.
Нема никаков страничен поглед.
Тоа значи дека во односите со околината е под анималното ниво.
Како да има коњски лопатки кои го штитат од странични возбуди, но, како што е познато, тоа може да го убие ако во околината има некој лав.
Не употребува повеќе од десет зборови: национални интереси, предавници, предвремени избори, час поскоро, ненародна власт и толку.
Посиромашен е од телефонската секретарка на Телеком.
Тонот му е рамен.
Како рамна линија на кардиограмот на човек кој штотуку умрел.
Освен физичките ограничувања односно физичката појавност, демек телото, и душата му покажува тешки хендикепи кои произлегуваат претпоставувам од домашното воспитување и проблеми во детството, од ограниченото образование, од нечитање, од нечитање на разновидни текстови, мислам дека и филмови не гледа, стрипови никогаш не чигал и рок културата ја има прескокнато…
Јавниот простор го задушува како дебел ќилим распослан од ѕид до ѕид.
Тоа се гледа од отсуството на мисли, цитати, автори, фрaзи, досетка, хумор во секое излагање и во секоја прилика.
Ќе заврши лошо во секој случај.
Затоа што тој својата мисија ја разбра како освојување на Македонија и комплетно вмровизирање односно претворање на националниот статус на Македонците во нивната фолклорна димензија.
Која пак по дефиниција ја исклучува државата.
Веќе на оваа ниво неговиот статус на спасител на идентитетот се претвора во елементарна непогода.
Мојата неодамнешна проценка беше дека ако ги прифати уставните промени тоа ќе ги зголеми шансите на вмро, нема да ги намали. Сега се плашам дека тој моментум е пропуштен. Ако ги прифати уставните промени слободно може да си купи јаже на пластичарска улица и да се обеси под Камениот мост. Ако не ги прифати истата работа ќе мора да ја направи на изборите кои ќе бидат блиску до терминот на редовните.
Се разбира, ако во меѓувреме на некои во вмро не им текне да го лизнат од некој џам (традиционално решавање на лидерските прашања) или да му дадат куферче со пари и да го пратат на одмор во Рим.
Вмро е балон од кој истекува хелиумот и паѓа на земјата како Емраерот на Пригожин.
Дупката се вика Жмицко.
Како можеме со таква сушена коленица и дупка да се бориме со Европа, со САД со Бугарија, со Танзанија и со Буркина Фасо.