ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Д-р“ не значи и лекар, или како Мицкоски нè провинцијализира и во теориите на заговори

August 25, 2023 11:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Професор, магистер, можеби е и доктор на науки, кој ќе го знае, ете, го доживеавме и тоа (страшно образована личност?) да нè убедува дека постои „светски заговор против ВМРО-ДПМНЕ“, ама да не се лажеме, таа партија не постои, постои само тој лично и заговорот против него лично. Така мисли нашиот лидер, професор, магистер или доктор на науки. Или сè тоа заедно, плус заговорот.

Верувам дека приметувате на каде ја терам воденицата: ако Мицкоски успее да се добере до премиерското столче (во што длабоко се сомневам!), Македонија ќе биде водечка земја во извоз на теории на заговори. Е, фала му на Бога, и ние во нешто да бидеме први! Потоа – откако, нели, Мицкоски ќе биде премиер, велам, можеме да бидеме шампиони според чувството на загрозеност од страна на „новиот светски поредок“.

Или може да речеме вака: Барак Обама е човек на Путин (ако помалку беседеше Мицкоски глупости во јавност, можеби и мојата маленкост ќе беше помалку „креативна“?), можеби е и киборг кој само чека телефонски повик од Кремљ, па атомските бомби да ги насочи према ВМРО-ДПМНЕ. Ама сеедно. Си продолжувам јас да си ги слушам зборовите на „најголемиот војвода“. Во основа, сите тие констатации треба да го наведат „нашиот човек“ дека навистина има конспирација (и тоа светска, бабе!) против најпатриотската партија на светот (оти ако му се противиш на светот, тогаш веројатно и ти си мислиш дека си дел од светот?).

Или може Барак Обама преку светскиот поредок (со помош на Џо Бајден) во Македонија сака да заведе ислам како државна религија, а македонците генетски да ги преобрати во црнци?

Дури едно време почнав и вака да си мислам: Мицкоски е на удар на прехрамбената индустрија, а докторите по цели денови устата пена им фаќа кои производи треба да се конзумираат за да се задржи здравиот разум и воведе примерна борбена готовност. Наутро треба да се јаде зеленчук, потоа да се пие вода за да се хидрира организмот; за време на ужинката, треба да се конзумира цеден сок од портокал, праска, кајсија или авокадо; за ручек, туна салата со едно парче ‘ржан леб; за време на попладневна ужинка, може да се јадат соленки или да се измати едно смути; за вечера, тестенини со фета сирење или јогурт „Баланс плус“… Строго забрането е мрсна храна, газирани сокови и алкохол. Така велат докторите, а откако го разболев жолчното ќесе – и јас нападнат од прехрамбената индустрија како Мицкоски – строго се придржувам на советите на докторите.

Попатно, гледаме, сите редакции на „куририте“ кои за себе велат дека се силно образовани, имаат нели:  луѓе, пари и логистика, гледаме дека и тие го „попушија“ заговорот дека „светскиот поредок се намерачил на ВМРО-ДПМНЕ“. Ај што го „попушиле“ сите овие силно образовани, паметни и учени луѓе, гледаме дека го пуши и нивниот ценет публикум.

Да биде работата уште повеќе интересна: овие луѓе навистина веруваат дека постои светски заговор против нив. Меѓу кои, повторно сомнително, се наоѓаат и луѓе од академијата на МАНУ. Јас отсекогаш верував: ако си „Д-р“, не значи дека си лекар, нели? Потоа, вака си помислив: ако има толку многу доктори на науки кои веруваат дека постои заговор против ВМРО-ДПМНЕ, тогаш со науката и светот нешто ужасно не е во ред.

И потоа, почнав да ги сожалувам. Некако Мицкоски ми стана драг и мил, си велам, греота луѓето, душички тие. Башка и ни го бранат идентитетот, срциња. Нема да биде далеку денот кога ќе забранат и увезување на витамин Ц, оти таквите апчиња – на големо се зборува – во себе содржеле ензими кои ја намалуваат македонштината. А тоа, повторно, така помислив, не е добро.

Опседнати со своите банални проблеми, ВМРО-ДПМНЕ не се грижат за тоа како ќе ја вадат оваа земја од „криза“, продолжуваа да нè провинцијализираат до болка. Ај што нè провинцијализираат, туку нè провинцијализараат и во теориите на заговори.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: МицкоскиНЕНАД ЈОВАНОВИЌтеории на заговор
Next Post

Јапонија крена ловци за да следат движење на два кинески бомбардери во близина на островот Окинава

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk