ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови

August 25, 2023 14:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дадениот збор на министерот Николовски на средба во месец април со претставниците на домашните производители на раноградинарски култури со оранжериско производство е исполнет. Како што тогаш вети министерот Николовски преку Интервентната програма е креирана мерката за нивна поддршка со која ја надоместуваме разликата помеѓу производната и продажна цена, како резултат од владината одлука за замрзнувањето на цените за овошјето и зеленчукот, соопштија од МЗШВ.

Владата на последната владина седница на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство усвои нови три мерки од Интервентната програма за 2023 година.

Мерка за финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови е третата нова мерка во Интервентната програма за 2023 година, покрај претходните две мерки за поддршка на производителите на пченица под контролирани услови и мерката за дополнителна поддршка од 3 денари по килограм за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се производители на домат и краставици во затворени простории за производство во контролирани услови и кои имаат поднесено барање по подмерка 1.6. „Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за производство под контролирани услови на домати, пиперки и краставици” од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2023 година.

Висината на финансиската поддршка од оваа мерка изнесува 35 денари по килограм за домат кој е произведен и продаден во период од 5 април до 31 мај 2023 година и 30 денари по килограм за краставица која е произведена и продадена во период од 5 април до 15 мај 2023 година.

Со буџет од 317 милиони денари оваа година креиравме отворена Интервентната програма, преку која излегуваме во пресрет на секој еден земјоделец, креирајќи навремено мерки за поддршка.

Како министерство остануваме посеветени во креирањето на мерки за секој еден земјоелец и поддршка и развој на македонското земјоделство, се додава во соопштението.

Tags: доматкраставицаМЗШВпиперфинансиска поддршка
Next Post

Голем пожар на планината Шпираг во Албанија

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk