ВМРО-ДПМНЕ има место во владата доколку се чувствуваат комотни на тој начин да ја донесат одлуката за гласање, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето на Сител телевизија.
Тоа беше понудено и на лидерската средба, композиција на владата во која што тие се чувствуваат пријатно за да ги изгласат уставните измени доколку сметаат дека е поважно да има побрзо избори веднаш после гласањето сме согласни да одиме на избори и мислам дека тоа ќе овозможи ние да не се занимаваме на изборите дали сме за ЕУ или против ЕУ, туку да покажеме дека сме за ЕУ и да се занимаваме кој може да понуди подобар развој, кој може да понуди подобра економија, подобар државен систем, повисоки плати, повисоки пензии, на тоа да го сведиме изборот на граѓаните, а не дали се за ЕУ или против ЕУ, затоа што знаме дека граѓаните се за ЕУ, кажа вицепремиерот.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ нема да победи на наредните парламентарни избори и нема да ја формира следната влада, особено доколку го задржи антиевропскиот курс на својата политика.
Изборите секогаш траат меѓу 60-90 дена, ако ги одземеме наредните 60 и 90 дена со сите процедури по изборите за формирање на влада веќе доаѓаме до самиот крај на годината, тоа значи дека целото ова време од наредните 4 месеци сме го искористиле за избори а по нова година веќе европските институции ќе влезат во едно предизборно расположение бидејќи во јуни се европските парламентарни избори. Мислам дека понатаму во декември не постои можност да се однесе одлука за почеток на преговори со Украина и Молдова, тоа е многу веројатно, а сигурен сум дек Албанија и сојузниците на Албанија ќе сакаат да се разговара и за втора меѓувладина конференција за Албанија, секако и за нас доколку за тоа постојат услови, но ако не ги исполните уставните измени за оа нема да постојат услови, изјави Маричиќ.