ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

По преговори со Северна Македонија, Владата на Албанија го менува проектот Коридорот 8, додава тунел од 3 километри

August 28, 2023 12:44
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Белинда Балуку и Беким Реџепи

Белинда Балуку и Беким Реџепи

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Албанија го промени проектот на патот Елбасан – Ќафасан, кој е дел од Коридорот 8, додавајќи изградба на уште еден тунел долг 3 километри.

Министерката за инфраструктура и енергетика на Република Албанија Белинда Балуку изјавилa дека ова решение е постигнато по преговори меѓу владите на Албанија и Северна Македонија, односно одговорните министерства за инфраструктура.

– Ова е важен дел од 8-тиот коридор, кој започнува од селото Лабинот (Елбасан) и продолжува во должина од 44 километри по пат со сите параметри на модерен автопат во однос на безбедносните услови и продолжува до кај Ќафасан. По интензивен разговор со владата на Северна Македонија, решивме да ја смениме излезната точка, бидејќи изградбата на Коридорот 8 е веќе подолго време започната од страната на Северна Македонија. По преговори со двете министерствата дојдовме до резултат дека е подобро да има поблиска излезна точка на албанска територија која ќе се решава преку тунел од 3 километри, изјавила Балуку.

Заменик-министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Берким Реџепи, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека по консултациите меѓу двете министерства вклучени во градежниот проект на Коридорот 8, како и консултациите со претпријатијата за државни патишта, договорено е проектот да претрпи измени во делот на Албанија, поточно да се додаде тунел од 3 километри.

– По интензивни разговори меѓу надлежните органи на двете земји, одлучено е да се смени излезната точка на Коридорот 8 во делот на Албанија. По консултации, договоривме излезна точка на територијата на Албанија да биде преку тунел долг 3 километри, изјави заменик министерот Реџепи.

Зделката за проектирање и изградба на Коридорот 8 ја доби Бехтел-Енка, американско-турски конзорциум. Уште во 2021 година Собранието, по скратена постапка, донесе закон за изградба на автопати без распишување тендер.

Транснационалната транспортна оска Исток-Запад (Коридор 8) се протега од пристаништето Бари во Италија до пристаништата Варна и Бургас во Бугарија. Централниот дел на овој паневропски коридор долг 315 километри минува низ Северна Македонија, односно Кичево, Скопје, Куманово, Бељаковце и Крива Паланка. Меѓутоа, врските недостасуваат на западниот крај (од Кичево до границата со Албанија) и на источниот крај (од Куманово до границата со Бугарија).

Коридорите 8 и 10д, се досега најголемиот инфраструктурен проект во Северна Македонија. Со реализацијата на овој проект, предвидена е изградба на четири автопатски делници, во вкупна должина од околу 110 километри. Изградбата на овие два коридори, според Владата, значи поврзување на државата со другите земји од Европа, пораст на странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и стока, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните.

Дестан Јонузи

Tags: Беким РеџепиБелинда БалукуКоридор 8
Next Post

Поради одрони во француската префектура Савоја, во прекин железничкиот сообраќај меѓу Франција и Италија

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk