Криминалец баран со потерница за издржување на затворска казна од две години, бил приведен вчера во 15:45 часот на улица „Панче Попски“ во Гостивар, информираат од Министерство за внатрешни работи.
– На 27.08.2023 во 15.45 часот на улица ,,Панче Попоски“ во Гостивар, по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници од СВР Тетово-ПС Гостивар го привеле Ф.З.(33) од Гостивар, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од 2 години. Ф.З. е спроведен во КПУ Затвор „Идризово“ во Скопје, за издржување на затворската казна, се вели во соопштението на МВР.