ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Собранието ги исполни реформски приоритети, сега на потег е ЕУ

Џафери го пофали и одржувањето на Жан Моне дијалогот и споделувањето на искуствата со европските пратеници, како значајна алатка за унапредување на парламентарниот политички дијалог во Собранието на Република Северна Македонија.

February 21, 2020 18:21
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со европратениците Дачиан Чолос, претседател на Групата Обнови ја Европа и Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

Од кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека Џафери, на оваа средба изразил благодарност за донесувањето на Резолуцијата на Европскиот парламент во октомври минатата година, со која се бара отпочнување на преговори за Република Северна Македонија и Република Албанија. Тој исто така го поздрави одржувањето на Конференцијата на претседатели на парламенти од Западен Балкан под покровителство на претседателот Сасоли, со која уште еднаш се докажаа напорите на Европскиот парламент да го заземе местото на претставник на граѓаните, особено во наметнувањето на своите одлуки врз европските институции.

Џафери го пофали и одржувањето на Жан Моне дијалогот и споделувањето на искуствата со европските пратеници, како значајна алатка за унапредување на парламентарниот политички дијалог во Собранието на Република Северна Македонија.

Европратеникот Чолос, информираат од Собранието, нагласил дека доаѓа во пријателска посета на Република Северна Македонија, со цел споделување на искуства и давање подрршка на нејзините евроинтегративни процеси.

Според него, преговорите не треба да бидат исклучиво политички, бирократски и административни, бидејќи интеграцијата е пред сѐ за доброто на граѓаните.

-Доколку Унијата сака одредена земја да се реформира и успешно да се интегрира во неа, таа не може земјата да ја држи настрана, туку мора да го отвори патот за интеграција и повеќе да ги вклучи младите во тој процес. Споделувањето на мислењата и искуствата од оваа посета ќе бидат соодветно пренесени не само во Европскиот парламент, туку и во Комисијата и Советот, истакна Чолос.

Тој го пофали претседателот Џафери за неговото водење на Собранието во текот на овој мандат, не само во однос на процесот на донесување закони, туку и во носењето на комплексни и тешки политички решенија.

Двајцата соговорници изразија надеж дека Република Северна Македонија наскоро ќе ги почне преговорите за членство во Европската унија, бидејќи тоа одамна го заслужила и дека граѓаните, и покрај сите тешкотии и застои,  треба да се наградат за нивните децениски аспирации  и  нивната висока поддршка за членство во Унијата.

Next Post

Заев: Со пристапувањето во НАТО стануваме дел од пазар на една милијарда потрошувачи

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk