Уставниот суд на Пакистан одлучи дека притворот на поранешниот премиер Имран Кан е „незаконски“ и дека тој треба веднаш да биде ослободен, јавува Анадолија.
Според телевизијата „Гео њуз“, жалбата на пакистанската Партија за движење на правдата (ПТИ) против апсењето на Кан била разгледана во Уставниот суд, кој одлучил дека тоа било сторено на незаконски начин и дека тој треба веднаш да биде ослободен.
Високиот суд во Исламабад во вторникот нареди апсење на Кан (70), што предизвика насилни протести низ целата земја, додека Антикорупцискиот суд, исто така, во главниот град, во средата одделно го обвини Кан во случај поврзан со нелегално купување и продавање подароци добиенио во странство додека бил на функцијата премиер.
Апсењето дојде еден ден откако Кан обвини висок воен функционер дека планирал да го убие.
Адвокатите на Кан го бојкотираа рочиштето откако судијата одби да го одложи неговото обвинение во судскиот процес, популарно познат како „случајот Тошахан“.
Кан на судењето се изјасни за невин.
Кан беше приведен од припадници на пакистанските паравоени сили „Ренџерс“ и тоа токму во моментите кога судот во Исламабад му одобри привремена кауција во седум случаи, јави „Дуниа Њуз“.