ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО МУЛТИКУЛТУРА

Никој не е поубав ако на некој му каже дека е грд!

Колку деца во училиште се малтретирани од своите врсници поради тоа што се различни? Колку деца се малтретирани и понижувани оти се „педерчиња“, „циганчиња“, „шиптарчиња“, „каурчиња“, а да не зборуваме за деца со посебни потреби…, и тоа особено во „чистите“ средини каде што има по некое дете што е различно од останатите.

February 21, 2020 20:47
in МУЛТИКУЛТУРА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

коментира Дехран Муратов

Видеото на мајката која го снимала своето малтретирано и понижувано дете во училиште, во кое тој вели „сакам да умрам, сакам некој да ме убие, не ми се живее веќе“, за само еден ден го обиколи светот и е прегледано над 20 милиони пати. Мајката во видеото вели: „Вака изгледа моето дете, плаче и е вознемирено, бидејќи децата во училиште го малтретирале поради неговиот изглед. Родители, воспитувајте си ги децата да ги почитуваат различните…“

Прво нешто што ми падна на ум е тоа колку мајки (родители) кај нас секој ден ги гледаат нивните деца како плачат, се затвораат во соба или се повлекуваат во себе и со никого не комуницираат. Ако се истепани или избодени полесно е да се забележи, па може и да се реагира, но што правиме со оние невидливите повреди, душевните?

Колку деца во училиште се малтретирани од своите врсници поради тоа што се различни? Колку деца се малтретирани и понижувани оти се „педерчиња“, „циганчиња“, „шиптарчиња“, „каурчиња“, а да не зборуваме за деца со посебни потреби…, и тоа особено во „чистите“ средини каде што има по некое дете што е различно од останатите.

Дали психолозите (ако ги има во училиште) разговараат со учениците да им објаснат дека не е страшно тоа што е некој поразличен од нив, напротив. Дали родителите разговараат со своите деца? Или родителите се зафатени со политичките и секојдневните случувања, и наместо институциите тие се во потрага по „Луи Витон“ ташната на Боки 13, а притоа занемерувајки што носат нивните деца во чантите.

Но, брзиот живот и политичките случувања не треба да бидат алиби и оправдување за занемерувањето на децата и губењето на вредностите. Сепак, тие деца некогаш ќе пораснат, наше/ваше е во што ќе ги претворите/ме – во мили, љубезни, отворени, хумани, великодушни… или агресивни, несреќни, полни со омраза, нацисти…

П.С. Никој не е поубав ако на некој му каже дека е грд!

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Наслови на денешен ден пред пет години: Македонија во длабока криза, Хан загрижен за ситуацијата...

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk