Македонија во длабока политичка криза, За окупацијата… Или зошто никогаш нема да ви простиме?, Хан загрижен за ситуацијата…Јункер на средба со Груевски…се само дел од насловите кои пред точно пет години „осамнале“ во македонските медиуми, телевизии, портали, весници….Насловите се извадени од агрегаторот на вести Тime.mk.
Очигледно, според приложеното, се зборува за посетата на тогашниот еврокомесар за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, кој за време на истата изјавува дека Македонија е во длабока политичка криза и дека тогашната опозиција (СДСМ) треба да се врати во Собранието.
Колку за потсетување, пред точно пет години, на 9-ти февруари 2015 година, претседателот на СДСМ, Зоран Заев почна да ги објавува т.н. бомби кои беа иницијална каписла за многу протести и бунтови, почнувајќи од онаа за убиството на младиот Мартин Нешкоски ( по прослава за победа на ДПМНЕ на избори), па се до Шарената револуција.
Исто така, на овој ден пред пет години е објавена вест со наслов „Трите „бомби“ на Заев покажуваат злоупотреба на институциите и мешање во судството и обвинителството од власта“, што укажува на тоа дека тогашното судство познато како „сваровски“ било под партиска директива ( конкретно на ДПМНЕ).
Еден од најобјавуваните наслови пред точно 5 годинине е и „Наставници ќе ја поминат ноќта со студентите на Битолскиот универзитет“, како и „Студент – колку тоа гордо звучи“.