ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Кошмарна ноќ за Путин: Најголем напад со дронови врз руска воздухопловна база, четири воени авиони во пламен

August 30, 2023 15:06
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Четири руски воени авиони во воздухопловна база во регионот Псков се во пламен во, како што изгледа, најголемиот напад со беспилотни летала врз земјата од почетокот на војната во Украина.

Според Метро, непотврдени медиумски извештаи сугерираат дека меѓу 10 и 20 беспилотни летала погодиле воздухопловна база во регионот Псков, во близина на границата со Естонија и Латвија, нешто пред полноќ во вторник.

Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромен црн облак од чад кој доаѓа од локацијата, осветлен портокалово од пламенот во неговата основа.

Во нападот врз базата, која го опслужува истоимениот главен град на регионот, оштетени се четири транспортни авиони Ил-76, според руската државна новинска агенција Тас, повикувајќи се на официјални лица за вонредни состојби.

Дополнителни беспилотни летала беа соборени над Ориол, Брјанск, Рјазан, Калуга и московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана.

Регионалниот гувернер на Псков, Михаил Ведерников нареди денеска да бидат откажани сите летови до и од погодениот аеродром, за да може да се процени штетата на дневна светлина. Сепак, тој рече дека пожарот е локализиран и дека нема жртви.

Степенот на штетата на транспортните авиони не е познат, иако се чини дека видеото покажува дека еден од авионите интензивно гори.

Три аеродроми надвор од Москва – Шереметјево, Внуково и Домодедово – исто така привремено ги прекинаа летовите, мерка што стана рутина по нападите со беспилотни летала.

Засега нема коментар од украинските власти, кои обично одбиваат да преземат одговорност за какви било напади на руска територија.

Во руските напади со ракети и беспилотни летала врз Кијив рано утринава загинаа две лица, а уште три се повредени, објави началникот на воената администрација на Украина Сергеј Попко.

Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: напад со дронруска воена базауништени авиони
Next Post

Судски совет ги повлече од разгледување поединечните извештаи од работните посети за предметот „Трансмет“ на Врховен суд

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk