ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Се прошируваат услугите на Безбедносниот сервис „Копеникус“ на ЕУ

August 30, 2023 15:20
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: Икс

Фото: Икс

Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска соопшти дека склучила нов договор со Сателитскиот центар на Европската Унија (СатЦен) со кој се предвидува проширување на спектарот на услуги преку Безбедносниот сервис „Копеникус“ за поддршка на надворешните и безбедносните акции на Унијата.

Договорот, наречен „Безбедносниот сервис „Копеникус“ за надворешната и безбедносната акција на ЕУ“ (СЕСА), меѓу другото, предвидува проширување на услугите поврзани со безбедноста на граѓаните и транспортот на Унијата, со дистрибуцијата на хуманитарна помош, реакции на кризи и конфликти, почитување на владеење на правото, заштита на културното наследство, поддршка на меѓународната трговија и економската дипломатија, како и услуги поврзани со предизвиците за еколошките прашања или климатската и здравствената безбедност.

Примарна цел на сервисот „Коперникус“ е поддршка на политиките на Европската Унија преку обезбедување информации поврзани со безбедносните предизвици, како граничен и поморски надзор и помош во реализција на надворешните и безбедносните акции на ЕУ.

СЕСА првенствено се однесува на ЕУ и земјите членки, но може да ги опфати и останатите држави врз основа на договори за меѓународна соработка со Унијата.

Договорот го потпишаа генералниот директор за одбранбена индустрија и Вселена на ЕК, Тимо Песонен и директорот на СатЦен, Сорин Дукару во присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарот за внатрешен пазар Тјери Бретон, по завршувањето на вчерашниот состанок на Министерскиот одбор на СатЦен, што се одржа во воздухопловната база „Торехон“ крај Мадрид.

Инаку, Борел денеска присуствува на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ во шпанскиот главен град Толедо, на кој главни теми се актуелните настани поврзани со руската агресија врз Украина и нејзините глобални и регионални последици, како и ситуацијата во Нигер по воениот удар.

Tags: ЕУКоперникусУслуги
Next Post

Во европскиот фронт има место и за партијата на Аријанит Хоџа и другите партии, вели Османи

НАЈНОВО

Ако и по вториот круг не се изврши избор на градоначалник Владата именува повереник

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk