ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи- Џаишанкар: Отвараме ново поглавје во односите со Индија преку зајакната економска соработка и регионално поврзување 

August 31, 2023 11:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Индија, денес оствари средба со својот индиски хомолог, Субраманјам Џаишанкар.

Во фокус на разговорите беше развојот на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Индија, со акцент на можностите за унапредување на трговската размена, зајакнувањето на економската соработка и бизнис врските.

“Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите со Индија, со која иако географски оддалечени, тесно не’ поврзува ликот и делото на Мајка Тереза. Пред нас се отвораат широки потенцијали за јакнење на соработката во бројни области, пред се’ во делот на ИТ индустријата, агробизнисот, обновливите енергии, медицината и туризмот.”- нагласи Османи

Воедно, Османи истакна дека покрај развојот на соработката на билатерално ниво, потребно е заеднички да се работи и на поврзување на регионите, при што ја лансираше идејата за одржување Форум Западен Балкан – Индија.

“Задоволство ми е да ја претставам идејата за одржување Форум Индија-Западен Балкан, што има за цел регионално поврзување и разгледување на можностите за раст и развој во значајни области од интерес. На овој начин се отвара можност за продлабочување на економските односи, но и целокупната соработка меѓу нашите региони”,истакна Османи.

На средбата стана збор и за соработката на мултилатерално ниво, при што беше поздравена значајната улога на двете земји на меѓународната сцена, особено во делот на адресирањето на актуелните глобални состојби преку претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и на Индија со Г20.

Tags: ИндијаМакедонијаМНРОсманиЏаишанкар
Next Post

Ружин: „Партнерскиот совет на ЕУ на државите членки и кандидатки“, брилијантна идеја

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk