ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Само со дигитализација e можна департизација и ефикасна администрација

Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот сектор, вели во интервју за Капитал министерката за финансии Нина Ангеловска потенцирајќи дека е потребно државата преку фискалната политика да биде ветер во грб на приватниот сектор од повеќе аспекти

February 22, 2020 11:18
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот сектор, вели во интервју за Капитал министерката за финансии Нина Ангеловска потенцирајќи дека е потребно државата преку фискалната политика да биде ветер во грб на приватниот сектор од повеќе аспекти.

Таа посочи дека, луѓето се оние кои се носители на продуктивноста, затоа е значајно да се инвестира во човечкиот капитал, но и во нови технологии кои ќе ја зголемат продуктивноста.

   – Затоа буџетот за 2020 година е насочен кон инвестиции во човечкиот капитал, со над 60 отсто од расходната страна за здравството, образованието и социјалата како области. Она што можам да го истакнам во моментот со фискалната политика поддршката на приватниот сектор се спроведува со мерките кои ја стимулираат инвестициската активност на компаниите, нудат поддршка за зачувување на квалитетните кадри, но и делуваат на создавање на адекватни кадри на пазарот на труд. Така во годинешниот буџет за мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите обезбедени се 2,4 милијарди денари, за мерките за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор 3 милијарди денари и за активните мерки за вработување 1,4 милијарди денари. Преку мерките за поддршка на инвестициите се поттикнува и набавка на нова технологија преку поврат на дел од вложените средства, на тој начин поттикнувајќи ги фирмите да ја заменат. Во однос на замена на застарената технологија постојат исто така можности, преку мерките за поддршка на економски раст, со кои се враќа дел од инвестицијата на компаниите направена во нови технологии – рече Ангеловска.

 Ангеловска вели дека за да приватниот сектор биде двигател на растот, државата за да биде ветер во грб, потребна е и ефикасна администрација.

 – Само со дигитализација верувам дека e можна департизација и ефикасна администрација. Дигитални процеси, кои ќе го отстранат пристрасниот човечки фактор во носење на одлуки, безхартиена околина, организирани и јасни правила – единствено тоа мислам е решението и за справување со корупција, за зголемена продуктивност и подобра околина за водење бизнис, вели Ангеловска.

 Министеркатаа посочува дека растот за годинава е планиран на 3,8 проценти и дека тоа е реална проекција во линија со Народната банка. Проекцијата се базира на очекувањата за раст на бруто инвестициите од 8 отсто, раст на приватната потрошувачка како резултат на раст на вработеноста и платите и на извозот.

Next Post

Хрватот Зубчиќ со историска победа во велеслаломот во Јапонија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk