Судскиот совет да преземе мерки за пополнување на непополнетите работни места во Управниот суд, стои во препораките од записникот по споведениот надзор на функционалноста на Автоматскиот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во овој суд, што го објави денеска Министерството за правда.
Надзорот е спроведен на 18 август од Комисија формирана од министерот за правда согласно Планот за надзор од 4 април годинава, во однос на функционалноста на Автоматскиот компјутерски систем за управување со судските предмети.
Во записникот се препорачува да се побара одговор од Работното тело при Врховниот суд за решавање на проблемот со погрешно заведените предмети, како и задолжително да се внесува законскиот основ за измена на Годишниот распоред на предмети.
Наведено е и дека треба системско решавање на проблемот со недоволниот број на информатичари што се среќава во речиси секој контролиран суд.