ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почина Насе Насев – еден од најголемите македонски спортисти

September 2, 2023 19:59
in ДЕНЕС, СПОРТ

Доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев почина денеска во Скопје по кратко боледување на 80-годишна возраст.

Роден во кочанското село Нивичани, Насев беше меѓу основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на локалниот клуб „Спартак“, а потоа и селектор на репрезентацијата во поранешна Југославија.

Насев, по осамостојувањето на земјата, беше долгогодишен македонски селектор, како и спортски директор на националниот тим во борење слободен стил за време на ОИ 2000 во Сиднеј кога Могамед Ибрагимов му го донесе на македонскиот спорт првиот олимписки медал, освојувајќи го бронзеното одличје.

Сите бројни успеси на повеќе генерации македонски борачи се поврзани со работата на Насев, за која многу пати беше наградуван од Светската боречка федерација (ФИЛА) и од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) како и други врвни спортски и општествени организации.

Насев беше долгогодишен инструктор на ФИЛА и директор на голем број светски семинари, а во улога на селектор и спортски директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК) беше учесник на десет летни и зимски олимписки игри.

Во 1997 година Насев стана првиот член на Клубот на великани на МОК, а во јуни оваа година шефот на државата Стево Пендаровски го одликува со „Медал за заслуги“ за неговиот огромен придонес во афирмацијата на македонскиот спорт и држава.

Tags: борењеНасе Насевпочинаспортист
Next Post

Македонија се пласира во осминафиналето на Европското првенство во одбојка

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk