Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во видео обраќање до нацијата објави дека одлучил да го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и да побара од парламентот да го замени оваа недела со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд.
„Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников помина низ повеќе од 550 дена војна“, рече Зеленски. „Верувам дека на министерството му требаат нови пристапи и други формати на интеракција со армијата и општеството во целина“.
Промената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од Парламентот, но одлуката најверојатно ќе ја поддржат мнозинството претставници на Врховната Рада. Зеленски рече дека очекува парламентот да го одобри назначувањето на Умеров. Умеров, 41-годишен поранешен адвокат , го води Фондот за државна сопственост на Украина од септември 2022 година и одигра чувствителна улога во воените преговори како што е Црноморскиот договор за жито.
Резников на Твитер објави дека поднесе оставка до претседателот на Парламентот.
I have submitted my letter of resignation to Ruslan Stefanchuk @r_stefanchuk, Chairman of the Parliament of Ukraine @verkhovna_rada
It was an honor to serve the Ukrainian people and work for the #UAarmy for the last 22 months, the toughest period of Ukraine’s modern history.
🇺🇦 pic.twitter.com/x4rXXcrr7i— Oleksii Reznikov (@oleksiireznikov) September 4, 2023
– Го поднесов моето писмо со оставка до Руслан Стефанчук, претседател на Парламентот на Украина. Ми беше чест да му служам на украинскиот народ и да работам за (украинската армија) во изминатите 22 месеци, најтешкиот период од модерната историја на Украина, наведе Резников.