Пожарот кај Бељаковце е изгаснат, соопштија од Центарот за управување со кризи.
– Пожарот е ставен под контрола. На некои изолирани места се уште гори, до раните утрински часови ќе бидат изгаснати, но нема да има потреба од воздухоплови на ова подрачје, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Пожарот, што вчера избувна во Руѓинце се префрли во Бељаковце. Беше зафатена поголема површина на стрништа, сува трева, шума, изгоре помошен објект и напуштена куќа. Покрај хеликоптерот на МВР, пожарот го гасеше Ер трактор на Дирекција за заштита и спасување како и противпожарни екипи на неколку општини, Старо Нагоричане, Куманово, Кратово и Ранковце.
Хеликоптерот Бел-212 на МВР врз пожарот во атар на село Руѓенце, општина Старо Нагоричане исфрли над 20 тони вода, информираат од МВР.