Со 48 гласови „за“, 36 „против“ и еден воздржан, Собранието попладнево ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик.
Пратеникот на СДСМ Панчо Минов денеска при реплика од собраниската говорница се осврна на предложените имени на Кривичниот законик, пред се на членот за злоупотреба на службени овластувања.
Овој член е предмет на многу стручни анализи и тој е остаток од еден друг систем, како кривично дело кое нема конкретно предмет на доказност и има многу честа се користи за пресметки на неистомисленици, рече Минов.
Тој додаде дека со менувањето на сегашната формулација, која гласи, „ако за себе прибави имотна корист“, во измена која наведува „ако има намера да прибави имотна корист“, е поголема тежината и квалификацијата на оној што има намера, а тоа е клучен елемент на секое кривично дело, да има намера.
Со измените има проширена конфискација, која опозицијата не ја спомнува, тоа е и усогласување со ЕУ, што предвидува конфискацијата проширено да се реализира ако има правни или фактички пречки, истакна пратеникот на СДСМ Панчо Минов.