коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Откако супер енергетски ефикасно насадија „колонада“ од барокни зградурини покрај кејот, откако го суредија плоштадот како затка така да ни се смее цел нормален свет, откако ни закачија бетонски галии да собираат ѓубре и да спречуваат нормален проток на Вардар, сега тие истите вмровци ќе ни помагале да си обезбедиме енергетска обнова во домовите.
Па велат од палатата: Тоа практично значи можност секое семејство да дојде до нова фасада и оков на својот дом при што половина од инвестицијата ќе ја покрие државата, односно 50 проценти е на трошок на државата.
Познавајќи ја нивната налудничава наклоност кон барокот и лоповлукот, навистина не знам што е пострашно – тоа што сакаат да ни ги барокизираат домовите, или тоа дека си планираат да им се укаже уште една шанса начисто „законски“ да нè испокрадат.
Ајваните ги „суредија“ фасадите во центарот на Скопје, па ни се намерчија нам и на нашите домови да ни ги докрајчат.
Македонијо обновата ќе победи, и ќе дојде време кога ќе има повеќе за секого, велат со сиот ум од Белата палата која ја направија со испокрадени пари и проценти од сè за што се дофатија и за две години откако им ги скратија рачињата, „економите“ вмровски и направиле на партијата 8 милионски долг во евра. Големите вмровски „домаќини“ не знаат да си ја менаџираат својата куќа, ќе ни ги менаџирале нашите?!
Туку, слушам оној Антонјо денес пак пуштил прислушуван разговор од Заев. Антонјо бе курка, ова ли е „бомбата“? Ајде тоа што нит се срамат нит се кријат дека сè уште нелегално прислушуваат, туку сечат како со секира, а лепат како со селотејп, грев да те фати.
Ако не сте ја слушнале „бомбата“ на Антонјо, приберете си ги кучињата, пак е петарда.
А ова е онаа вистинската бомба каде се слуша пазарџијата Милошости