ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Љубезни прашања до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Прашањата во овој текст се во голем дел упатени до актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, како најповикан да ги знае одговорите на овие прашања, без оглед на тоа дали некои од нив се однесуваат на времето пред тој да биде претседател на партијата. Особено затоа што почесен претседател на партијата до пред многу кратко време беше токму неговиот претходник, а секако и заради блиската соработка во периодот на владеење на оваа партија. 

February 23, 2020 11:20
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

прашува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Се собраа повеќе прашања што во различна форма им се упатени на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во период од две години. Со намера да придонесам кон расчистување на сомнежите во јавноста околу прашањата во овој преглед, ќе се обидам да ги соберам на едно место. Се разбира, постои можност некои прашања да се испуштени, па затоа ги молам читател(к)ите да ми испратат дополнителни прашања кои ќе ги објавам во првата наредна прилика.

Прашањата во овој текст се во голем дел упатени до актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, како најповикан да ги знае одговорите на овие прашања, без оглед на тоа дали некои од нив се однесуваат на времето пред тој да биде претседател на партијата. Особено затоа што почесен претседател на партијата до пред многу кратко време беше токму неговиот претходник, а секако и заради блиската соработка во периодот на владеење на оваа партија.

Се разбира, прифаќам за дел од тие прашања да ме упати на други релевантни претставнички и претставници (функционери) на партијата. Напоменувам дека јавноста со нетрпение ги очекува одговорите на овие прашања, па затоа најљубезно замолувам тие да бидат одговорени во наредните две, најмногу три недели. Може по писмен пат, пред камера, пред диктафон, пред публика, на улица, во седиштето на партијата, во мојата канцеларија, било каде… Па да почнеме…

Дали ВМРО-ДПМНЕ има план да излезе од мултимилионскиот долг и во што се состои тој план? Како се финансира партијата во услови на долг од осум милиони евра?

Колкава е вредноста на директните и индиректните договори на Орце Камчев и неговите фирми, како и фирмите под влијание на Камчев, со фирми и медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ и од каква природа е врска на Мицкоски, Груевски и други високи функционери на партијата во периодот јануари 2017 до денеска? Со колку пари Орце Камчев ја финансираше претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2019 година?

Дали било кој функционер на ВМРО-ДПМНЕ е поврзан со најновиот мега скандал со финансирањето на македонските медиуми ТВ Алфа, Курир, НетПрес и Лидер со црни пари во вредност од 2,5 милиони евра, од Будимпешта (Орбан) преку Љубљана (Јанша)? Ако да, на кој начин?

Која е улогата на Христијан Мицкоски во креирањето и спроведувањето на економските политики на Груевски? Што го советуваше Мицкоски својот тогашен премиер Груевски за енергетиката? Чија идеја беше укинување на евтината струја и покачувањето на цените на електричната енергија? Како успеа Мицкоски да влезе во бизнисот со хидроцентралите? Со колку средства? Од каде му се тие средства? Колку средства заработи од хидроцентралите? Кои други бизниси се во сопственост на семејството Мицкоски?

Како дојде до „дупка“ од три милиони евра во финансискиот извештај од изборите во 2011 година и 400.000 евра во 2019 година? Кој е одговорен за овие фрапантни суми народни пари што не се оправдани? Каков е планот на партијата по овие прашања?

Какви се релациите на ВМРО-ДПМНЕ со руската амбасада? Дали и за што партијата добива посредна или непосредна техничка и финансиска помош од Русија? Од што се состои соработката на ВМРО-ДПМНЕ со партијата ФИДЕС на Виктор Орбан? Каква е релацијата со СДС на Јанез Јанша, кој лежеше в затвор за примање мито и беше условно осуден поради груба навреда на новинари?

Кој е планот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор, имајќи го предвид односот на партијата и техничките министри? Дали партијата, со негирањето на Преспанскиот договор, всушност, открива дека постои план да го напушти членството на НАТО и да ги напушти преговорите со ЕУ?

Што разговараа Мицкоски и Груевски во Будимпешта во ноември, 2019 година? Дали освен лекарски упат за преглед на синусите, Александар Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ имаше и партиски упатства за средба со Груевски во Будимпешта во декември, 2018 година? Дали ВМРО-ДПМНЕ добива финансиска помош од Груевски?

Колку функционери на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски или друг пасош? Дали тоа е в ред?

Дали и што му предаде Мицкоски или некој друг функционер на партијата на словенечкиот политичар Лорис Гајсер? Кој од партијата и каков материјал испратил до италијанскиот весник „Ла Верита“ и зошто истиот материјал прво не е испратен во Јавното обвинителство? Има ли партијата аргументи и докази со кои може да ги поткрепи своите тврдења за Јавното обвинителство, посебно за Љубомир Јовески и Вилма Русковска? Со кои документи од тајна истрага мавташе Мицкоски на прес конференцијата во септември 2019 година и како продолжи комуникацијата со Јавното обвинителство по ова прашање?

Кажете ни нешто повеќе за идејата за 120 изборни единици. Како дојдовте до оваа бројка? Со кои експерти од партијата се работеше на оваа идеја?

Зошто сопругата на Мицкоски користи службено возило на партијата, шофер и партиски телохранители за да оди на работа? Дали постои некаква опасност и дали со тоа не треба да се занимаваат властите, а не партиското обезбедување? Дали ова е злоупотреба на ресурсите на партијата?

Дали се точни тврдењата дека во партијата има посебни тимови за продукција на лажни вести, дезинформации и говор на омразата? Кој ги раководи и со кои човечки и финансиски ресурси располага партијата за да ги спроведува овие операции? Од каде се финансираат овие операции и дали се одвоени од операциите со кои се финансираат медиумите од Москва, преку Будимпешта и други центри?

Доколку целосно ги отфрлате овие тврдења, одговорете на следните, малку полесни, прашања на истата тема:

Каков е планот на ВМРО-ДПМНЕ за сопирање на говорот на омразата што доаѓа од нивни поддржувачи и членови? Дали партијата ќе упати повик за смирување на страстите и коректна комуникација во јавноста и дали ќе соработува со институциите да се санкционира говорот на омразата? Дали партијата има план за борба против лажните вести и дезинформациите? Дали постои стратегија за борба против хибридните напади врз демократијата или се задоволни со стратегијата на владата на Зоран Заев?

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Next Post

Пак се закануваат со фасади, а Антонио пушти и „петарда“. Приберете си ги кучињата

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk