ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Попоска: По повеќе од две децении од падот на кулите близначки, повеќе од секогаш, се соочуваме со пад на либералните вредности врз кои е базирано општеството за кое се бореа многу генерации

September 11, 2023 14:05
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Нападите од 11/09 донесоа нова ера во светската политика и тектонски промени во односите на моќ и разбирањето на заканите по светскиот мир и безбедност, во кој се до тогаш, немаше место за недржавни субјекти“, посочува Доц. д-р. Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот Визион –Гостивар во однос на влијанието на нападите на 11 септември, 2001 година во САД, во изјава за ЦИВИЛ Медиа.

„Кога Соединетите Американски Држави прогласија глобална војна против тероризмот по нападите на 11 септември, Френсис Фукујама коментираше дека „тероризмот е само орудие на крајот; Во овој поглед, војната против тероризмот нема повеќе смисла отколку војна на подморници“ . Иако ваквите ставови се ирелевантни во смисла на политиката и правото, крајот беше само почеток на една нова ера, во која и денес живееме или со зборовите на Антонио Гутереш,  поранешен генерален секретар на ООН: Живееме во опасен свет.

Нападите од 11/09 донесоа нова ера во светската политика и тектонски промени во односите на моќ и разбирањето на заканите по светскиот мир и безбедност, во кој се до тогаш, немаше место за недржавни субјекти. За прв пат сè активираше членот 6 од Вашингтонскиот договор кон недржавни актери, а „failed states“ или паднатите држави беа препознаени како реален проблем за кој премногу долго се премолчуваше на сметка на принципот на државен суверенитет, игнорирајќи ги страдањата на локалното население од тирански владетели. Поранешниот претседател на САД кој прифати мировни преговори со Талибанците се најде на обвинителна клупа, што фрла сенка на сомнеж на сите стратешки одлуки донесени во периодот на неговото владеење.

Денес, повеќе од две децении по падот на кулите близначки, повеќе од секогаш, се соочуваме со пад на либералните вредности на кои е базирано општеството за кое се бореа многу претходни генерации. Либералниот периметар се повеќе се стеснува заради нов тип на закани во ново безбедносно опкржување, а личните слободи се ставени на тапет во име на стравот- пандемија, хибридна војна, инфлација, реална војна во Украина, милиони бегалци од блискиот исток. Надвор од нападите во Европа, секојдневно се случуваат терористички напади во земји од третиот свет, не само за остварување на глобална политичка цел и доминација, туку и за наметнување  на личната агенда на корумпирани елити врз недолжно население. Одамна заговараниот систем на реформа на колективната безбедност, е повеќе од итност, а меѓународната солидарност е повеќе од неопходна, во име на сите цивили загинати во терористички напади насекаде во светот. Со зборовите на тогашниот генерален секретар на ООН, Кофи Анан – тероризмот мора да биде сузбиван, каде и да се појави, порача Попоска.

Д. Т. / Цивил Медиа

Tags: 09/11безбедноствлијаниеполитика
Next Post

Грковска: Обвинителите и судиите да си ја вршат работата независно и непристрасно

НАЈНОВО

Затворање на есенското издание на фестивалот „Перформанс платформа“ со перформансот „CODOMESTICATION“

November 18, 2025
Скриншот

Шефот на „Гугл“ предупредува за „ирационалност“: Ниедна компанија не е имуна ако пукне балонот со вештачката интелигенција

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk