ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меџити: Обвинителството докрај да го реши случајот со Онкологија, да се пријавуваат индикации за злоупотреби во здравството

September 12, 2023 14:07
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА

-Многу ми е жал за случајот со Клиниката за онкологија. Ние сме во секојдневна комуникација и со полицијата и со обвинителството. Нормално апелираме до обвинителството овој случај што побрзо да се разреши до крај како никогаш досега. Ние ја преземавме иницијативата уште пред еден месец пред да излезе во јавност случајот и го испративме таму ДСЗИ за да направи една контрола. Не случајно, јас како министер заедно со кабинетот за прв пат инициравме и полицијата и обвинителството да влезат на клиниката, за да евидентираат точно има или нема грешки во минатото. Според мои информации, тогашниот директор, специјалист става дијагноза, бара терапија  и тој самиот потпишувал и ја делел терапијата, истакна министерот за здравство Меџити во вестите на Алсат.

Министерот Меџити информираше дека од ноември 2022 кога е разрешен директорот, дојдена е друга медицинска директорка, која со неколку други методи од јануари 2023 почнала да го развива начинот на земање терапија и како се дава на пациентите.

-Клиниката има 2 оддели кои имаат свои управувачи. Секоја среда, сите се собираат и одлучуваат точно за дијагнозата, терапијата и дозата што треба да се аплицира кај пациентите. И јас претходната недела учествував на колегиумот каде фактички тие одлучуваат за терапијата и увидов дека потранспарентно и поодговорно од ова не може да биде. Исто така по овој состанок комуницирав и со пациентите по ходниците, јас сум 23 години лекар, сум хуманист и сум го дал заветот на Хипократ и не се плашам да зборувам со пациентите, затоа што тие се мои блиски и на сите мои колеги и ве уверувам дека тие имаа многу добри мислења за своите лекари кои ги водат, посочи министерот.

Воедно, министерот Меџити потсети дека секогаш апелира, од првиот ден, сите случаи, насекаде каде има индикации за злоупотреби во здравството со аргументи да се пријават во Министерството, лично кај министерот или во останатите институции.

-Пред два месеци претставник од компанијата што го има донесено системот КАТО беше кај мене и разговаравме за да го поставиме системот во функција. Системот не функционира бидејќи бившиот директор кажал усно, нема ништо напишано дека не вреди, дека има многу трошоци за одржување на системот, но сега ние анализираме заедно со советниците и директорите да го најдеме најдобриот начин. Да го ставиме системот КАТО или да ставиме нов систем за што еднаш засекогаш точно ќе ја контролира  и дозата дури во милилитри. Верувајте најзаинтересиран сум да има одговорност, тој што згрешил еднаш засекогаш да има име и презиме. Не може сите членови на лекарска комора да се стават под таков притисок. Врската помеѓу пациентите и лекарот е света. Ние имаме многу добри лекари, добри експерти. Но доколку некој згрешил тој треба да одговара, истакна министерот Меџити.

-Сакам да потенцирам за крај дека терапијата што се прима на онкологија е квалитетна и ги исполнува сите услови, јас ви гарантирам дека нема пациент кој не зема терапија која е препишана од експертите. Апелирам да не се злоупотребува случајот за дневна политика. Ве молам се работи за човечки животи. Ако му кажеш на пациент дека не е сигурен во болница, тој ќе го земе во свои раце своето здравје и тоа ќе го оштети здравјето на пациентите, рече министерот.

Tags: случај ОнкологијаФАТМИР МЕЏИТИ
Next Post

Кина ги интензивира воените активности во близина на Тајван

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk