ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Следува замрзнување на цените во прехранбената индустрија, ќе се забрани и акциска и промотивна продажба во маркетите до 30 ноември

September 13, 2023 15:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за економија и предложи на Владата да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите синџири на трговци во државата до 30 ноември, а од следната недела ќе предложи и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија. Тоа, според министерот за економија Крешник Бектеши, ќе доведе до линеарно намалување на цените на прехранбените производи за минимум 10 отсто, а можно е и со одлуката што ќе се донесе во вторник на владина седница да се предвиди уште поголемо намалување на цените.

Трговците, како што кажа Бектеши, нема да знаат со кој датум ќе бидат замрзнати цените и на тој начин нема да можат претходно да ги поскапат производите. Замрзнатите цени ќе важат откако ќе бидат објавени во Службен весник.

– Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на светските берзи, рече Бектеши по работниот состанок со раководителите на подрачните одделенија на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Нагласи дека иако има намалување на инфлацијата согласно согледувањата на Министерството за економија има уште простор за да се намалат цените и додаде дека сите завршни сметки на големите синџири на маркети покажуваат дека тие немаат намалување на нивните приходи, туку напротив имаат зголемување за претходната година.

-Можеби одлуката за забрана за акциска и промотивна продажба изгледа чудна имајќи во предвид дека ќе им скратиме на граѓаните одредено намалување на цените, но не е така, заради тоа што наредната недела ќе следи и одлука за замрзнување на цените во прехранбената индустрија. Одлуката ја носиме бидејќи забележавме дека одредени синџири на супермаркети прават измама со можностите да направат акциска продажба и намалување или, пак, одредени кампањи.  За да бидат начисто и потрошувачите и граѓаните оваа можност до 30 ноември нема да ја имаат и така ќе знаат точно колку ќе биде цената на одреден производ, а не да се калкулира дневно или, пак, неделно со тие цени и да се воведат во заблуда потрошувачите и граѓаните, појасни Бектеши.

Најави дека утре Министерството за економија ќе достави толкување на Законот за потрошувачите до директорот на ДПИ, со кои освен глоби ќе има и затворање и забрана за вршење дејност за супермаркетите и за трговците со прехранбени производи кои нема да ги почитуваат мерките.

-Такви одредби имаме во нашите законски решенија, во нашата легислатива, повикувајќи се и на член 69 од Законот за заштита на потрошувачите и член 29 и член 30 од Законот за трговија. Од понеделник ќе почне да се реализира одлуката која се донесува и толкувањето и насоките кои се даваат до ДПИ, а од вторник веќе ќе имаме конкретни цени кои ќе им бидат презентирани на граѓаните, рече Бектеши.

Од крајот на 2019 година, како што кажа, берзанските цени се зголемени за 23,3 отсто на светско ниво, а кај нас за 47 отсто.

-Убеден сум дека со ваквите одлуки дополнително ќе се намалат цените особено кај производите кај кои има енормно зголемување. Веќе нема да постојат џентлментски договори, туку ќе има конкретни и концизни одлуки кои мора да се почитуваат од сите што вршат трговија, а воедно и од производителите на основните прехранбени производи. Нема веќе да се преговара и овие ќе бидат конечни одлуки. Освен глоби уверен сум дека ќе има и затворање на  одредени субјекти ако не ги почитуваат мерките, истакна Бектеши.

Мерките што сега се носат на предлог на Министерството за економија, како што кажа, се разликуваат од антикризните мерки кои имаат финансиски импликации.

-Во ребалансот на Буџетот е предвидено антикризните мрки да бидат во дел на пари како поддршка за одредени ранливи категории на граѓани. Тие веќе се дизајнирани повеќе од 90 отсто. Мерките што ние ги носиме немаат фискални импликации во делот на Буџетот, посочи Бектеши.

Toj најави дека утре ќе има средба со претставници на седум-осум синџири на маркети, на која ќе ги пренесе ставовите на Министерството за економија за мерките што ќе следат во делот на утврдување на цените на прехранбените производи. 

Tags: замрзнување на цениКрешник Бектеши
Next Post

Министерство за правда: Предлог Закон за амнестија по скратена постапка, потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk