ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Жртвувана правда за систем на правда, за незароблива слобода, за конечно – мир

September 19, 2023 11:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Емилија Целакоска

Емилија Целакоска

Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Не е само невкусно рекламирањето „Нема амнестија, има одговорност” од А.Н. – потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, со оглед на нашето минато под режимот на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи се покажа како најнеодговорната партија кон нас граѓаните, како дословен напаѓач на нашите секојдневни граѓански потреби и нивното остварување во слобода и мир. И сѐ уште е вид на напаѓач на истите, неверојатно, но од опозиција, „благодарение” на минатите апстиненти од избори, со што партиската база на ВМРО ДПМНЕ преовладувачки си ги лапна 44-те места за одлучување на судбината на сите, вклучувајќи ги и апстинентите од избори.

Туку и дупло невкусно е што си бира „злосторнички црешки” од СДСМ што, еј, па сепак се амнестирале – нели немало амнестија, небаре нема ниедна злосторничка црешка од ВМРО ДПМНЕ. Немаме некоја детална официјална информација за афилијациите, но впечатокот е дека афилираните со ВМРО ДПМНЕ преовладуваат во амнестијата „што ја немало”.

Тројно невкусно е што почнува со „нема амнестија”, иако неговово е во истата насока со објаснувањата на разни претставници, првенствено од Владата, штом членот 107 за застарување двојно од максимумот не е сменет, иако, пак, некои минимуми се кренати. Невкусно е оти, очигледно, после 7 години вршење притисок, конечно најдоа за што да се исценкаат и да си добијат за партијата. Не за Македонија, да не се лажеме. Пак за себе и за неколку дузини поединци од партијата. Раката што им дала или продала за десетина гласа за колективен напредок, ја плукаат, веројатно оти ги оставила толку долго да ѕенѕаат и оти можно и самата си користи (како што примарно тврди лицето А.Н.) и, секако, бидејќи е ненадминливо задоволството да нѐ направат пак будали нас, граѓаните, дека ВМРО ДПМНЕ не го барала овој КЗ. Допрва ќе гинат за ова договарање од двете страни. Судиите ќе им влечкале и за тоа? Сепак, ќе патат за ова. А.Н. тврди „новата” нивна власт ќе фаќала за „други” работи:

„Ќе се најдат начини како да се гонат. Не се само два члена во кривичниот законик, не е само злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување си има и други членови по коишто ќе им се најде начин да се гонат. Знам дека ова звучи како закана, но мора на крај и закани да испраќаме затоа што е јасно дека се оди на амнестија.”

Звучи и како најава за местенки, не само закана. Ова, „драго” лице А.Н., не поминува со – „закана е, ама извини морално е”. Ако е останато граѓанство, треба да ве ишамара со пенкало на избори само за ова, и без минатото од режимот во кој ги заробивте и уништивте институциите, вклучувајќи го и судството што никако да ви суди. Тефтерот од Гоца сѐ има.

Но, без оглед колку кои од која страна ќаруваат, без оглед колку е во согласност со ЕУ за казните или спротивно со ЕУ-вредностите за правдата, (купо)продажбата на ова КЗ сега е само една грда, но конечна коцкичка во огромниот мозаик од вредностите на ЕУ кои допрва треба да ги градиме низ поглавјата.

Точно е дека правдата е како живо суштество со своја каузалност и влијание, но во мртвачката политика на истото, тотално истото ВМРО ДПМНЕ од пред деценија, овој КЗ е умртвен, изолиран вирус можеби за иден имунитет на општеството ако додаваме сосила каузалност. Но, со сигурност останува мала, мртва, неповрзана со ЕУ-критериумите за правда, црна коцкичка од голем, жив мозаик. Жртвувана правда за систем на правда, за незароблива слобода, за конечно – мир.


Текстот е личен став на Авторката
Tags: правдаЦелакоска
Next Post
Бранко Тричковски

Хајзенберг и идентитетот

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk