ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стејт департментот ги поддржува неуморните напори на Мирослав Лајчак во преговорите меѓу Косово и Србија

September 19, 2023 13:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Американскиот Стејт департмент ги пофали неуморните напори на специјалниот претставник на Европската унија, Мирослав Лајчак, во преговорите меѓу Косово и Србија, се наведува во одговорот на прашањето на Гласот на Америка (ВОА), во врска со изјавите на премиерот на Косово, Албин. Курти, во кои го обвини Лајчак за пристрасност и ставови против Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Курти рече дека испратил писма до големите западни земји за ова прашање, обвинувајќи го Лајчак за „искривување на процесот“, но портпаролот на Стејт департментот, во одговор за Гласот на Америка, ниту потврди, ниту демантираше дали писмото стигнало до Вашингтон.

-Ние остануваме тесно ангажирани со Косово, Србија и партнерите од ЕУ во дијалогот што го олеснува Европската унија. Им благодариме и ги препознаваме неуморните напори на специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, рече портпаролот.

Тој изрази разочарување затоа што немаше напредок на средбата на 14 септември, додавајќи дека дијалогот што го овозможува ЕУ е единствениот пат за Косово и Србија и доаде дека очекува „двете земји сериозно да ги сфатат своите обврски од договорот за патот кон нормализација што го постигнаа претходно оваа година“.

-Времето истекува. Сакаме да видиме напредок во постоечките и претходните заложби засновани на дијалог (со помош на ЕУ) и Охридскиот договор, вклучително и формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО), рече портпаролот на Стејт департментот.

Според неговите зборови, Вашингтон е целосно обединет со земјите-партнери на Квинта во поддршката на процесот на дијалог.

Како што соопшти Косово онлајн, тој додаде дека САД ќе се консултираат и внатрешно со своите европски партнери за следните чекори.

Tags: КосовоЛајчакпреговориСрбијаСтејт департмент
Next Post
Фото: Музеј на современетата уметност

„Горчлив шеќер“ - мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ во МСУ

НАЈНОВО

Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

August 18, 2025
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

August 18, 2025

Гал Гадот: Филмот „Снежана“ пропадна затоа што многумина се против Израелците

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk