ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотреби трговската марка и деловните знаци на „Слободен печат“ во партиска пропаганда

Станува збор за насловна страница на која „Слободен печат“ информира за развојот на судењето на аферата „Рекет“. Оваа насловна страница е дел од сценарио од спот за предизборна пропаганда на партијата, во која фокусот е ставен на шиканирање на владеењето на политичките противници, критика на судството и обвинителството.

February 24, 2020 13:13
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Станува збор за насловна страница на која „Слободен печат“ информира за развојот на судењето на аферата „Рекет“. Оваа насловна страница е дел од сценарио од спот за предизборна пропаганда на партијата, во која фокусот е ставен на шиканирање на владеењето на политичките противници, критика на судството и обвинителството.

„Навистина немавме лоша намера или тенденција. Искрено да ви кажам не знаев дека не смеам да ги користам трговската марка и знаците, ако има било каков проблем можеме да го тргнеме или блурираме тоа. Инаку има десетици спотови во Македонија каде се користат исечоци од весници од сите политички партии. Јавен медиум е и така се стекнуваат впечатоци за вести. Во спотот има и други медиуми кои ги има во спотот, тоа сте го објавиле на вашиот медиум и не е нешто тајно. Не е дека е нешто тенденциозно кон „Слободен печат“ напротив. Во знак на добра волја, ќе разговарам со луѓето што го правеа ова од партијата, зашто сами го правевме видеото, тие ни се условите, да видам да го замаглат делот од материјалот“,  Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотреби логото и жигот на „Слободен печат“ во видео-спот пласиран на социјалните мрежи. Главен „актер“ во видео-материјалот е потпретседателот на партијата, Александар Николоски, кој седнат на биро го разгледува дневниот печат, односно насловната страница на „Слободен печат“ и ја користи таа насловница како амбиент за да го почне своето излагање против политичкиот опонент Зоран Заев. Станува збор за насловна страница на која „Слободен печат“ информира за развојот на судењето на аферата „Рекет“. Оваа насловна страница е дел од сценарио од спот за предизборна пропаганда на партијата, во која фокусот е ставен на шиканирање на владеењето на политичките противници, критика на судството и обвинителството. „Фатени се живи!“, драматично го почнува своето излагање Николоски.

Станува збор за деловни знаци на „Слободен печат“ кои се сопственост на компанијата и кои без дозвола се искористени во политичка пропаганда. Никој од ВМРО-ДПМНЕ не побарал дозвола пред да го искористи весникот во својот предизборен маркетинг. Менаџментот на фирмата „Слободен печат“ вчера експлицитно и писмено побара од ВМРО-ДПМНЕ во иднина да не ги користи деловните знаци, кои се сопственост на компанијата, а особено не во контекст на пропаганден политички материјал.

Истовремено од партијата побаравме во рок од три дена од примањето на дописот да ја отстрани секвенцата од видео материјалот во која е злоупотребена трговската марка „Слободен печат“, а ја информиравме и Државната изборна комисија за настанот.

Редакцијата вчера го праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски зошто во политичкиот спот деловните знаци на компанијата се употребени без дозвола. Тој вети дека за час и половина од разговорот кој го водевме, делот со трговската марка „Слободен печат“ ќе биде замаглен на видео материјалот.

– Навистина немавме лоша намера или тенденција. Искрено да ви кажам не знаев дека не смеам да ги користам трговската марка и знаците, ако има било каков проблем можеме да го тргнеме или блурираме тоа. Инаку има десетици спотови во Македонија каде се користат исечоци од весници од сите политички партии. Јавен медиум е и така се стекнуваат впечатоци за вести. Во спотот има и други медиуми кои ги има во спотот, тоа сте го објавиле на вашиот медиум и не е нешто тајно. Не е дека е нешто тенденциозно кон „Слободен печат“ напротив. Во знак на добра волја, ќе разговарам со луѓето што го правеа ова од партијата, зашто сами го правевме видеото, тие ни се условите, да видам да го замаглат делот од материјалот – ни рече Николоски.

Во видео материјалот е злоупотребена и насловна страница на „Фокус“. Оттаму велат дека не е првпат нивното име да биде злоупотребено.

– Време е ова да престане. Не е првпат да бидеме злоупотребени и од едните и од другите – велат од управата на неделникот.

извор: Слободен печат

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk