Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во ексклузивното интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа, вели дека трендот на намалувањето на компјутерскиот криминал е резултат на намалување на кривичните дела со платежните картички.
„Тие учествуваа некаде со околу 43 проценти од вкупно регистрирани кривични дела во овој дел. МВР во наредниот период исто така ќе биде и носител на активноста за изготвување на посебна национална стратегија за компјутерски криминал и во овој дел интензивно ќе се работи и на подготовка на еден акциски план којшто практично ќе ги подобри сите овие аспекти за борбата со компјутерскиот криминал и така наречените хибридни закани, хибридна војна… која што практично се интензивира исто така по Руската агресија на Украина“, потенцира Спасовски.
Тој истакнува дека и говорот на омраза е неизоставен дел и тој е еден вид на организиран криминал и тука значително е зголемен обемот на активности коишто ги презема Министерството за внатрешни работи и притоа работи многу на градење на капацитетите за препознавање на говорот на омраза, подигањето на јавната свест кај граѓаните дека и тој говор на омраза треба да биде пријавен и да биде санкциониран и така може да констатираме дека бележиме сериозен напредок во вкупната борба против сајбер криминалот.
Целото интервју со министерот Спасовски, за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа, тука.
Разговорот го водеше: Дестан Јонузи
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Ангел Ангеловски
Поврзано: