ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи во Њу Џерси: Државната поддршка за инвестиции е потпора и за пазарните успеси на македонските компании во САД

September 22, 2023 14:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на САД, по повод учество на Генералното собрание на ОН, ја посетиле компанијата „Фаст Пак Трејдинг“, во сопственост на Иванчо Ивановски, основана пред 30 години, а која врши дистрибуција на над 1.000 различни македонски производи во сите сојузни држави на САД.

При обиколката на дистрибутивниот центар на компанијата во Њу Џерси, како што соопштија денеска од владиниот прес-центар, вицепремиерот Битиќи, ја истакнал заложбата на Владата за негување и развивање на контактите со дијаспората, посебно во насока на унапредување на економските врски и создавање на стимулативни услови кои мотивирачки би делувале, Северна Македонија да ја препознаат како реална можност за развивање на нивниот бизнис.

Вицепремиерот Битиќи изразил задоволство што компанијата „Фаст Пак Трејдинг“ е пример за тоа како еден бизнисмен од македонската дијаспора може да придонесе во развивањето и унапредувањето на економските врски помеѓу САД и Северна Македонија, особено од фактот што сите добавувачи на компанијата „Фаст Пак Трејдинг“ се од Северна Македонија.

– Задоволство е да се види како успесите кои се остваруваат на американскиот пазар од над 300 милиони потрошувачи во целост се засноваат на потенцијалите на стопанството во Северна Македонија.  Уште повеќе радува фактот дека пазарниот успех е споделен со компании од Северна Македонија, чии производи, благодарение на претприемачките способности на г-нот Ивановски, завршуваат на пазарот во САД.  Ова зборува дека во нашето стопанство имаме компетитивни компании способни да испорачаат конкурентни производи и во најсилната економија во светот. Успесите на „Фаст Пак Трејдинк“ се потврда и за ефективните политики на Владата за поддршка на инвестициите, затоа што дел од добавувачите во Северна Македонија финансиски се поддржани преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, рекол вицепремиерот Битиќи, по обиколката на еден од дистрибутивните центри на компанијата.

Изразувајќи честитки за успесите на компанијата, се наведува во соопштението, вицепремиерот Битиќи на сопственикот Ивановски му порачал своето претприемачко знаење да го пренесе во Северна Македонија и со тоа уште подлабоко да се вклучи во градењето на економскиот развој на земјата и зголемувањето на благосостојбата на граѓаните, за што од Владата може да очекуваат силна партнерска поддршка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: САДФатмир Битиќи
Next Post

Мицкоски се сили со Горде. Земете пуканки

НАЈНОВО

Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025
China Media Group

Кина го тестира најбрзиот воз: „ЦР-450“ достигна 453 километри на час

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk