Меѓу убиените српски напаѓачи во косовските медиуми се наведуваше дека е и Радомир Почуча. Но самиот Почуча преку објава на социјалните мрежи ги отфрли овие вести велејќи дека е жив и не планира да умре.
На својата Фејсбук страница тој објави до сите свои следбеници да не се грижат за вестите кои кружат, бидејќи тој не е мртов и нема во план да умира.
„Доста се загриживте што пишуваат некои Албанци. Не сум мртов, ниту планирам да умрам, сè уште нема куршум со моето име“, пишува тој на социјалните мрежи.
Д.Јонузи