ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дачиќ: Државата ќе направи се за да го зачува мирот во Косово

September 25, 2023 12:41
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Првиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија треба да се чува од сите провокации и дека, како што порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Србите на Косово треба да останат мирни и да и веруваат на својата земја, која ќе направи се за да се зачува мирот, по вчерашните судири и загинувањето на тројца Срби и еден косовски полицаец околу манастирот во Бањско, јави дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ за телевизијата Прва изјави дека во оваа ситуација меѓународната заедница се извлекува, практично дозволувајќи да дојде до конфликт на Косово и оставајќи ги Србите да бидат застрелани од „косовско-албанската полиција“.

-Јас велам косовско-албанската полиција, бидејќи тоа е албанската полиција, а косовската полиција би била кога во неа би имало Срби, објасни Дачиќ и додаде дека целата суштина на Бриселскиот договор била Србите да управуваат со територијата на која живеат Србите.

Тој нагласи и дека сето она што сега се случува е продолжување на напорите на премиерот на Косово, Албин Курти, да ја испровоцира целата ситуација.

Дачиќ изјави и дека кога избил конфликтот во Северна Македонија меѓу државата и албанските сепаратисти, целата меѓународна заедница се вклучила во решавањето на тој конфликт и дека сега Србите немаат право ни да протестираат против теророт што им се врши.

-Српскиот народ има право да се брани и да ја изрази својата политичка волја. Поентата овде е, како што вели претседателот Вучиќ, дека сите оние кои ги окрвавија рацете и учествуваа и ја поддржаа агресијата врз Србија во 1999 година, сега продолжуваат со таа политика и поставуваат политички и медиумски темели за поддршка на режимот на Курти, изјави шефот на српската дипломатија.

Дачиќ додаде дека Србија е за продолжување на дијалогот со почитување на принципите договорени пред 10 години.

Тој, исто така, нагласи дека единствената вооружена сила во Косово може да биде КФОР, додавајќи дека такви ситуации немаше да се случат доколку КФОР и Србите беа во полицијата.

Tags: ДачиќКосовомир
Next Post

Пороците јавни, а вредностите тајни

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk