„Се надевам дека во најкус рок ќе биде спремна одлуката за предавање на ингеренциите за Универзална сала од Град Скопје на Министерството за култура. Кога ќе имаме потпишана одлука ќе пристапиме кон сите можни чекори за преземање на документацијата, да го видиме проектот и се надевам дека Универзалната сала ќе го врати сјајот што го имаше“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во Дневникот на МТВ.
Таа додаде дека со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, имаат добра комуникација и дека соработката оди спроед договорениот план.
Во врска со титулата Европска престолнина на културата за 2028 година на Град Скопје, министерката Костадиновска-Стојчевска рече дека тоа претсавува можност за претставување на нашата култура која е уникатна, заштитена и има со што да се пофали.
„Сакам да се заблагодарам на тимот што ја изработи апликацијата и тимот кој заедно со мене и градоначалничката Арсовска беше на состанокот каде што кажавме се што имаме“ рече Костадиновска-Стојчевска.