ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Лифтот од Ристиќева палата е еден од најстарите лифтови на Балканот

September 27, 2023 14:34
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Симболот на Скопје, познатата Ристиќева палата во строгиот центар, е започната да се гради во првата половина на 1925 година. Веќе во 1926 година таа е завршена според проектот на архитектот Драгутин Маслаќ, а фигурите на Ескулап и Хигија заедно со иницијалите В.Р. на сопственикот Владислав Ристиќ, фармацевт, ги изработил декоратерот Данило Стојковиќ.

Од нејзината изградба па до денес, скопјани ја сакаат и ја обожаваат оваа палата, која стана неразделен дел од историјата на Скопје, но и од нивната интимна историја, дел од нивните животи. Што ли се не памети оваа палата, сместена во самиот центар, на плоштадот, но и на улицата Македонија, во близината на сите значајни скопски топоними и настани. Демонстрации, пламени говори, пречеци, прослави, паради, но и возбудливи зачетоци на романтични љубовни приказни, средби, чекања пред книжарницата „Култура“, а честопати и тажни разделби и збогувања. Сето тоа го памети и бележи Ристиќевата палата, но и многу повеќе. Со елементи на академизмот во архитектурата, таа му дала нов, европски лик на Скопје.

Господинот Владо Ристиќ не само што бил богат и мудар, туку бил и посебно педантен, за сѐ што ќе се зафател сакал да го доведе до совршенство. Како што забележуваат новинарите и хроничарите, врз база на искази на сведоците од тоа време, кога започнала изградбата на палатата, господин Ристиќ постојано бил присутен на градилиштето. Набљудувал, сакал да знае сѐ, се залагал да се набави најквалитетниот градежен материјал. Не сакал ништо да биде препуштено на случајноста. Ѕидовите биле посебно засилувани со цврста железна арматура.

Кога скопјани го запрашале: „Господине Ристиќ, зошто градите вакво чудо, толкава палата среде Скопје?“, тој мирно и духовито одговорил: „Градам споменик за себе“. И навистина, не само што изградил споменик за себе, туку и за многу генерации скопјани и оставил траен белег во градот, објект што со својата цврстина им одолеа и на поплавата (1962) и на земјотресот (1963). Во приземјето на палатата биле работните простории и аптеката на господинот Ристиќ, која подоцна стана книжарница „Култура“. На првиот кат живеел тој со своето семејство, сопругата Наталија, ќерката Десанка и синовите Јован и Милан. На вториот и на третиот кат била сместена и Поштенската штедилница со која деловно соработувал.

Како изгледало Скопје во тоа време кога се градела палатата и по нејзината изградба? Тоа е навистина значаен период кога градот добива нов лик. Во 1929 год., на чело на Скопје доаѓа Јосиф Михајловиќ по потекло од селото Тресонче, еден од најпознатите скопски градоначалници (деновиве со право му се посветува посебно внимание на неговото творештво). Во дваесеттите и во триесеттите години, се градат објектите на Народниот театар, Офицерскиот дом, Народната банка, Стопанската комора (Метропол), зградата на денешниот парламент, палатата „Шкаперда“, Железничката станица, поштата. Исчезнуваат малите трошни куќарки со кои бил опкружен центарот. Според еден интересен податок од тогашната скопска општина, во 1926 год., кога е изградена палатата, биле поднесени 177 барања за градежни дозволи, а наредната, 1927-та биле изградени дури 232 објекта.

Првиот лифт во Македонија

Ристиќевата палата во 1929 год. направила уште една сензација во Скопје. Бил донесен првиот лифт во градот. Тој е еден од првите во Македонија, и еден од ретките на Балканот воопшто. Лифтот бил од германско потекло и од марката „стиглер“. Лифтот долго време беше во употреба, до февруари 2011 година, кога со одлука на станарите од Ристиќевата палата лифтот му е подарен на Музејот на градот Скопје. Тој лифт е една од незаборавните скопски легенди.

Градска редакција

Но освен лифтот, со Ристиќевата палата поврзан е уште еден куриозитет што е помалку познат, а кој хроничарите веќе го забележиле. Имено, при изградбата на палатата, од нејзините темели избило вода, заради близината на Вардар. Сопственикот Ристиќ веднаш изградил бунар, и со специјална пумпа и спроводни цевки водата била насочена до цистерната на покривот од зградата. Така, водата можела да се користи за различни потреби во внатрешноста на објектот без потреба да се излегува надвор од него.

Во 1941 год. семејството Ристиќ се преселило во Белград, каде што Владо Ристиќ починал во 1950 година. Подоцна, членовите на семејството ќе се раселат низ светот, а денес, просториите главно се користат за работни канцеларии на разни организации, фирми и здруженија. На крајот од деведесеттите години палатата беше реновирана, со обновена фасада, со заштитни слоеви и нови ролетни, за да се врати автентичниот изглед од 1926 година.

Градска редакција

Митот за Ристиќевата палата сѐ уште трае. И денес, кога закажуваме состаноци, ги закажуваме како некогаш: „Каде ќе се видиме? Пред Ристиќева“. По земјотресот, скопското корзо се одвиваше главно на просторот пред и околу Ристиќевата палата (продавницата „Кооператива“ кај денешен „Тренд“, слаткарниците „Шехерезада“ и „Ванила“, потоа на тротоарот пред хотелот „Македонија“, кој беше во дрвена барака). Беше тоа корзото од крајот на нашите средношколски и почетокот на студентските денови, кои се незаборавни во секој човечки живот. Тука беше нашето последно корзо пред тоа да исчезне од центарот на Скопје.

Извор: Градска редакција

Tags: БалканЛифтнајстаритеРистиќева палата
Next Post

Судан пријави епидемија на колера, регистриран е 21 смртен случај

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk