Украина е избрана во Одборот на гувернери на МААЕ за 2023-2025 година, соопшти на Твитер украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Украина е избрана во Одборот на гувернери на МААЕ за 2023-2025 година. Им благодарам на секоја земја што ја поддржа нашата кандидатура“, објави претседателот Володимир Зеленски на X (поранешен Твитер).
Ukraine has been elected to the IAEA Board of Governors for 2023–2025. I thank every country that supported our bid.
Ukraine remains a reliable partner in the nuclear energy sector and we will make every effort to reinforce the IAEA’s important role and to strengthen global…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 28, 2023
Тој нагласи дека Украина останува доверлив партнер во секторот за нуклеарна енергија и ќе вложи максимални напори да ја зајакне важната улога на МААЕ и да ја зајакне глобалната нуклеарна безбедност и безбедност.
„Сите ние мора да работиме заедно, сите ние во светот кои ја цениме безбедноста, за да ставиме крај на сите видови нуклеарни уцени што Русија се обидува да ги нормализира. Нуклеарната безбедност и безбедност мора да бидат гарантирани“, додаде Зеленски.
Како што е соопштено, Украина во февруари поднесе барање за членство во Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за 2023-2025 година.
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир во Твитер објава и се заблагодари на Северна Македонија за поддршката и гласањето во МААЕ за членство на Украина.
583.🇺🇦стана членка на Одборот на гувернери на МААЕ.
Ова може да обезбеди целосно ослободување на нашата нуклеарна централа Запорижја од🇷🇺окупатори и да ги обезбеди🇺🇦и цела Европа од🇷🇺радијациона уцена.
Ѝ благодариме на🇲🇰за поддршката и гласањето за🇺🇦во рамки на оваа организација! pic.twitter.com/775n0TFppl— Larysa Dir (@dir_larysa) September 29, 2023
583 (ден од почетокот на руската агресија)Украина стана членка на Одборот на гувернери на МААЕ.
Ова може да обезбеди целосно ослободување на нашата нуклеарна централа Запорижја од руските окупатори и да ги обезбеди Украина и цела Европа од руската радијациона уцена.
Ѝ благодариме на Цеверна Македонија за поддршката и гласањето за Украина во рамките на оваа организација!
Д. Мишев / Цивил Медиа