Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова по повод првиот академски час имаа свое обраќање пред студентите на Медицинскиот факултет.
„Секогаш вложувајте во вашето знаење, тоa е она што ќе ве формира и како личности и како професионалци и е влог кој ќе ви се врати повеќекратно низ животот. Знаењето е единственото нешто кое никој никогаш не може да ви го одземе. Таму всушност лежи моќта на сите промени кои ќе ги направите и за самите себе и за општеството“, порача Ковачевски.
Тој посочи на студентите им посочи да не забораваат дека секој ден е можност да научат многу повеќе и да постигнат многу повеќе.
„И затоа ве охрабрувам да сте љубопитни и да прашувате, секој ден, затоа што тоа е единствениот начин како ќе учите и ќе продолжите да се стекнувате со знаења. Така ќе станете добри доктори, научници. На другите факултети студентите ќе станат добри економисти, уметници, градители, музичари, инженери, лидери – луѓе кои ќе се иднината на нашата земја“, заклучи премиерот.