Грчки „Катимерини“ објави дека поранешниот премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, на покана на Заев, требало да оствари приватна посета на поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица.
Како што известува „Катимерини“, повеќе детали за средбата не се соопштени.
Ципрас и Заев беа премиери кога двата балкански соседи го потпишаа Договорот од Преспа во јуни 2018 година, решавајќи го спорот за името што опстојуваше со децении, пишува Катимерини.