ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пад на стапката на невработеност во ЕУ во август

October 3, 2023 09:32
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Еврозоната во август 2023 година изнесуваше 6,4 отсто, а на ниво на цела ЕУ беше 5,9 проценти, што претставува намалување како во споредба со претходниот месец, така и на годишно ниво, соопшти Европската статистичка служба – Евростат.

Во јули годинава стапката на невработеност во Еврозоната изнесуваше 6,5 отсто, а во август 2022 година 6,7 проценти, додека на ниво на Унијата јулската овогодишна стапка беше 6,0 отсто, а ланската августовска 6,1 проценти.

Според проценките на Евростат, како што јави дописникот на МИА од Брисел, во август 2023 година во ЕУ имало 12,837 милиони невработени лица, од кои 10,856 милиони биле во земјите од Еврозоната. Во споредба со претходниот месец, бројот на невработени во ЕУ се намалил за околу 112.000, а во Еврозоната за околу 107.000. Споредено со август минатата година бројот на невработени лица во ЕУ е намален за околу 335.000, а во Еврозоната за околу 407.000.

Од вкупниот број невработени во ЕУ во август годинава, 2,687 милиони биле млади на возраст под 25 години, од кои 2,194 милиони живееле во Еврозоната. Со ова стапката на невработени млади луѓе во ЕУ изнесувала 14,0 отсто и останала непроменета во споредба со претходниот месец, додека во Еврозоната таа била 13,8 проценти, што претставува намалување споредено со јули 2023 година кога изнесуваше 13,9 отсто.

Во апсолутни бројки, цифрата на невработени млади лица во август годинава е намалена за околу 10.000 на месечно ниво во ЕУ и за отколку 24.000 во Еврозоната. Споредно, пак, со август 2022 година бројот на млади кои биле без работа е намелен за околу 141.000 во ЕУ и за околу 145.000 во Еврозоната.

Во август годинава, стапката на невработеност кај жените во ЕУ изнесувала 6,2 отсто, а кај мажите 5,7 проценти, со што и двете стапки останале непроменета во споредба со јули 2023 година. Во Еврозоната, пак, стапката на невработеност кај жените била 6,7 отсто, а кај мажите 6,1 проценти што е намалување на месечно ниво за 0,1 процентен поен и на двете стапки.

Овие податоци се пресметани врз основа на глобално стандардизираната дефиниција за невработеност на Меѓународната организација на трудот (МОТ), која како невработени ги смета оние лица кои немаат вработување и активно бараат работа во последните четири недели, при што се достапни за да започнат со работење во рок од најмногу две недели.

За целосен преглед на состојбата на пазарот на трудот во ЕУ и во Еврозоната, податоците за невработеноста се надополнети и со други показатели, како работници ангажирани со скратено работно време кои бараат целосно вработување, лица кои бараат работа, но не се достапни за работен ангажман во рок од две недели, како и лица кои се достапни за вработување, но не бараат работа.

Евростат најави дека податоците за стапката на вработеност и невработеност во ЕУ и Еврозоната за третиот квартал од 2023 година ќе ги објави на 15 декември.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕвростатЕУневработеност
Next Post
Фото: Pexels од Pixabay

Сенатор од Северна Дакота и неговото семејство загинаа во авионска несреќа

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk