Известувачот на Европскиот парламент за Србија Владимир Билчик денеска го оцени како неприфатлив неодамнешниот конфликт на север во Косово и повика на вистинска истрага.
What happened in Banjska in Kosovo is unacceptable. We need a genuine investigation of all events and shootings. Both Belgrade & Pristina have enormous responsibility to return to a meaningful dialogue. Instability only benefits Russia and endangers regional security. @EPPGroup
— Vladimír Bilčík MEP (@VladoBilcik) October 3, 2023
„Она што се случи во Бањска во Косово е неприфатливо. Ни треба вистинска истрага за сите настани и за пукањето“, напиша Билчик на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека Белград и Приштина имаат огромна одговорност да се вратат на значаен дијалог.
Според него, нестабилноста и користи само на Русија и ја загрозува регионалната безбедност.