ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски – Гир: Посветени сме кон успешно организирање на министерскиот форум за правда и внатрешни работи во Скопје

October 5, 2023 15:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска, денеска оствариле работна средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, како и новиот заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, Бен Нупнау.

Во оваа прилика министерот Спасовски изразил благодарност до амбасадорот Гир за поддршката и одличната соработка на МВР и Делегацијата на Европската Унија во голем број заеднички проекти, како и за можноста на денешнава средба да поразговараат за повеќе прашања од заеднички интерес.

На средбата меѓу другото стана збор и за коорганизацијата на МВР на Република Северна Македонија и МВР на Кралството Шпанија на претстојната Конференција на министри за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан која во периодот 26 и 27 октомври се одржува во Скопје, а министерот Спасовски ја истакна посветеноста кон организирањето на Форумот, по втор пат во нашава земја притоа информирајќи го амбасадорот Гир дека се преземени сите неопходни активности во насока на успешна организација на овој убав настан  од огромно значење за граѓаните и за Република Северна Македонија, соопштија денеска од МВР.

Спасовски и Гир разговарале и за актуелни теми, меѓу кои и за претстојните избори, а во насока на заштита од сајбер напади. Притоа, министерот Спасовски истакнал дека тоа е предизвик за сите институции, за Државната изборна комисија, а од аспект на МВР во Одделот за спречување компјутерски криминал, постои 24-часовна екипа која работи на заштитата од напади од ваков тип. Тој информирал и за зголемената меѓуинституционална координација, односно за формирано координативно тело на ниво на Владата, како и тоа дека со НАТО скринингот веќе се познати слабите точки.

На средбата двајцата соговорници заклучиле дека отворањето на Форензичката Лабораторија на МВР со средства од ИПА фондовите на ЕУ ќе биде од огромно значење за државата и регионов, при што министерот Спасовски информирал дека веќе е добиена употребната дозвола и објектот се опремува, а лично тој  очекува во најкраток можен рок да биде и официјално отворен и пуштен во функција. 

Tags: ГирСпасовскисредба
Next Post

Етничко чистење во Нагорно Карабах „пред носот“ на Путин

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk