ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Довербата на компаниите расте, инвестираат, а ние ќе возвратиме со континуирана 100% поддршка со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите

October 10, 2023 11:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Довербата која Владата ја стекна кај компаниите кои масовно присуствуваа на настанот „МК Економија – Довербата расте”, говори дека сме на прав пат да обезбедиме одржлив раст и развој преку инвестиции на домашните компании, и токму затоа ќе воведеме измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ) за загарантирана 100% исплата кон секоја компанија“, се вели во соопштението на заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

„Финансиската поддршка на државата кон домашните компании за шест години е зголемена за 11 пати, поточно од 3,2 милиони евра во 2018 година, до 35 милиони евра во 2023 година“, вели Битиќи во неговото соопштение, и додава дека ова го претвори портфолиото инвестиции во One stop shop за инвестиции, со 100% исплата на финансиска поддршка секоја година но за која немаше законска обврска.

„Тоа го постигнавме заедно со мојот тим од една страна, а од другата компаниите храбро одговорија на предизвикот и тоа резултираше со задржување на вработените и развој на компаниите. Затоа, измените кои се залагам следната година да ги воведеме во Законот за поддршка на инвестиции е повеќе исплатата на финансиската поддршка да не зависи од нечија воља. Една од измените ќе биде токму тоа, загарантирана 100% исплата кон секоја компанија.

Една од придобивките на ЗФПИ е и развојот на регионите низ целата држава, што се одразува и низ бројки.

Ако во 2018 година вкупната поддршка во Скопскиот регион изнесува 45%, во последнава таа е 32%, што значи дека поголемиот процент на поддршка отпаѓа на другите региони. Во 2018 година во Скопскиот регион се исплатени 85 милиони денари финансиска поддршка, во последната 2022 година се исплатени 456 милиони денари. Тоа е зголемена финансиска поддршка за пет пати. За разлика од тоа, поддршката во останатите помалку развиени региони, се зголемува за девет пати, или од 105 милиони денари, на 953 милиони денари поддршка, за истиот период“, се вели во соопштението на вицепремиерот Битиќи.

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, изрази увереност дека овој позитивен тренд на зголемување на развојот на регионите низ цела држава ќе продолжи, имајќи предвид дека овие измени се донесени пред само две години.

Tags: БитиќидовербаКомпании
Next Post

Aнтонио М. како лик од филмовите на Мелвил

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk