ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска – Перебинис: Северна Македонија продолжува со силната поддршка за Украина во одбрана на нејзината сувереност

October 10, 2023 13:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Евген Перебинис, кој престојува во посета на нашата земја.

На состанокот министерката Петровска ја изрази нашата силна и недвосмислена поддршка за независноста и сувереноста на Украина, која е брутално нападната. Украина, порача министерката, се бори не само за себе и својата сувереност туку и за меѓународниот правен поредок, кој мора да се базира на правила и принципи.

„Ја осудивме руската агресија врз Украина уште од самиот почеток, а нашата поддршка не е само политичка, туку може да се види и на дело. Во повеќе наврати Северна Македонија донира хуманитарна и воена помош за Украина, која има целосно право да се одбрани од непровоцираната руска агресија“, рече министерката.

Петровска истакна дека при посетата на Украина во февруари годинава и лично се уверила во страдањата на украинскиот народ, но и во неговата цврстина и желба да ја одбранат татковината.

„При мојата посета на Украина лично се уверив во уништувањата во Ирпин и во Буча. На лицата на Украинците видов како им влијае бескрупулозноста на војната, но уште поважно е дека кај нив видов жар и мотив да се изборат за својот суверенитет“, рече министерката.

Петровска потенцира дека Северна Македонија заедно со сојузниците останува во поддршка на Украина сè додека е потребно зашто тоа е страната на правдата и вистината.

Заменик-министерот Перебинис се заблагодари за, како што рече, јасната поддршка од Северна Македонија за Украина, како и за дадената воената и хуманитарна помош. Украина ќе продолжи да се бори за својата независност и сувереност, посочи тој.

Next Post
Ида Протуѓер. Фото: Томислав Георгиев

Кога нè боли коленото одиме на лекар. Зошто кога нè боли душата се колебаме да побараме помош?

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk