ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Го усвоивме Планот за забрзан економски раст во кој приорирет е заштита на животната средина

October 11, 2023 18:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за финансии имаат значајна улога во забрзување на акцијата за ублажување на климатските промени во јавниот сектор и да создадат услови што ќе овозможат приватниот сектор да ги зголеми зелените инвестиции. Ова, како што соопшти Министерството за финансии, е пораката од Состанокот на Глобалната Коалиција на министри за финансии за климатска акција, на која учествува министерот Фатмир Бесими, а се одржа во рамки на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Маракеш, Мароко.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во август оваа година, беше избран за полноправен член на оваа Глобална коалиција, во која членуваат министри за финансии на 90 држави и претставници на 26 институционални партнери, а која има за цел координирање на активностите на министрите во насока на почитување на преземените обврски од Парискиот климатски договор и Хелсиншките принципи за климатска акција.

-Зелена економија е отпорна економија, која пружа подобри услови за живот за сите граѓани, затоа нашата определба е обезбедување забрзан економски раст кој се заснова на зелени инвестиции. Тоа е приоритет кој е поставен во повеќе стратешки документи на Владата и Министерството за финансии, а коишто се компатибилни со мисијата на Коалцијата. Го усвоивме Планот за забрзан економски раст во кој приорирет е заштита на животната средина, рече министерот Бесими.

Тој истакна дека минатата недела направени се два системски значајни чекора кон развојот на зеленa економија со усвојувањето на Законот за Развојната банка со кој се формира Фонд за енергетска ефикасност и издавањето на првите зелени обврзници како извор за финансирање зелени проекти.

-Фондот ќе функционира како организациска единица во рамки на Развојната банка на Република Северна Македонија и преку издавање грантови, поволни кредити и гаранции ќе поддржува проекти за енергетска ефикасност и заштита на животната средина од јавниот и приватниот сектор. Почетниот капитал е во износ од 15 милиони евра, од кои 5 милиони евра се преку Проектот за енергетска ефикасност од Светската банка и 10 милиони евра од издадените зелени обврзници. Во иднина тој ќе се надополнува од нови емисии на зелени обврзници и други извори на финансирање, стои во соопштението од МФ.

Зелените обврзници како нов инструмент беа воведени на пазарот минатата недела со одржување на првата аукција на која беше запишана сума од 600 милиони денари, износ кој ќе биде внесен во Фондот за енергетска ефикасност.  Станува збор за државни хартии од вредност чија намена е поддршка на зелените проекти во земја, односно финансирање проекти од енергетската ефикасност и животната средина, а со цел да го забрзаат зелениот раст, но и да го развијат пазарот на капитал во земјава, преку диверзификација на понудата со нови инструменти.

По учеството на Министерскиот состанок, министерот за финансии Бесими, во рамки на годишните средби на ММФ и Светска банка во Маракеш, утре ќе се сретне со високи претставници на двете меѓународни финансиски институции, додека задутре ќе има средби со претставници од значајни меѓународни финансиски институции.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БесимиЗелени инвестиции
Next Post

Столтенберг: Украинската борба е и наша борба, дополнително ќе ги зајакнеме нашите односи и ќе и помогнеме на Украина да се придвижи кон членство во НАТО

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk