ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пачешкоски: Две години владеење на Борче Јовчески и ДПМНЕ, две години пропаст на Прилеп

October 17, 2023 14:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Точно две години после локалните избори, констатацијата на прилепчани е јасна и недвосмислена: Борче Јовчески е најслабиот градоначалник во историјата на Прилеп, истакна на прес-конференција Зоран Пачешкоски, претседател на ОО на СДСМ Прилеп.

Тој нагласи дека „двегодишното владеење на Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ е најголемата елементарна непогода која било кога ја зафатило територијата на општина Прилеп.

„Она по што градоначалникот на ДПМНЕ ќе остане запаметен, е фактот дека тој е единствениот “татко“ на градот кому му успеало од неговата листа на желби наречена „изборна програма“, во 24 месеци да не реализира ниту еден единствен проект!

Ги нема ветените катни гаражи, ниту трите кружни текови кај Табана, Тинекс и новата автобуска станица.

Сообраќајната инфраструктура во градот е под секое ниво – дупките на улиците станаа кратери, а наместо најавената борба со бесправно изградените објекти, пред очите на Јовчески, во централното градско подрачје никнуваат дивоградби.

Голема лага на Борче Јовчески се бесплатниот оброк за сите ученици до четврто одделение и бесплатните униформи за учениците од социјално загрозените семејства.

Мртво слово на хартија останаа ветувањата за реконструкција на Старата прилепска чаршија, амфитеатарот во Варош, плоштадот „Александрија“ и „Арт“ плоштадот пред „Марко Цепенков“, спортските игралишта и парковските површини.

ВМРО-ДПМНЕ и Јовчески ги излажаа и жителите на населените места кои не ги добија ветените детални урбанистички планови, малите акумулации за напојување на стоката, а светлото на денот не го видоа ниту помпезно најавените водоводни и канализациони системи.

Наместо помош, на маргините ги оставија спортските клубови, меѓу кои и прилепската гордост – фудбалскиот клуб „Победа“.

Не само што за две години не успеаа да реализираат ниту едно изборно ветување, туку ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески покажаа крајна неспособност да ги завршат започнатите проекти од претходната локална власт на СДСМ.

Меѓу нив е и детската градинка во населбата „Точила“, која сеуште не ги отворила вратите за 250 дечиња од градот.

Но затоа постојат неколку работи кои градоначалникот Јовчески и преседателот на Совет и прв човек на ДПМНЕ, Дејан Проданоски не им ги ветија на прилепчани, а со чија реализација „пријатно“ ги изненадија своите сограѓани.

Тоа првенствено се однесува на драстично зголемениот данок на имот, за кој граѓаните на Прилеп ќе плаќаат суми и до 5 пати повисоки од досега.

Тука спаѓа и веројатно најголемата лага на ВМРО-ДПМНЕ, со која наместо намалување на сметките за вода, дојде до нивно зголемување.

Нови цени повисоки за 67 отсто добија услугите на „Комуналец“, а поскапеа јавниот градски превоз и паркингот.

Заокружувањето на катастрофата наречена „две години општинска власт на Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ“, се случи со нарушувањето на 20-годишната традиција и откажувањето на „Пивофест“.

Неспособноста на актуелниот градоначалник и владејачкото мнозинство во општинскиот Совет да одговорат на потребите на граѓаните, е видлива во секоја сфера на нашето живеење.

Од тие причини, во текот на следните денови ќе одржиме серија на прес-конференции, со кои уште еднаш ќе укажеме на последиците кои граѓаните на општина Прилеп ги трпат заради нефункционирањето на локалната власт предводена од Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Пачешкоски.

 

 

Tags: Борче ЈовческиЗоран ПачешкоскиПрилеп
Next Post

Македонските земјоделци со огромна заинтересираност за ИПАРД програмата, во наредни пет години на располагање 250 милиони евра преку проектот!

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk